text size
Глобалната рударска индустрија се соочи со предизвик во 2023 година, за што најдобар показател се финансиските перформанси на 40-те најголеми рударски компании во светот, кои беа притиснати од падот на цените на суровините и зголемените трошоци, се укажува во новата анализа на оваа индустрија изработена од „Прајсвотерхаускуперс“ - ПВЦ (PricewaterhouseCoopers – PwC). Имено, нивните приходи паднаа за повеќе од седум проценти и покрај зголемувањето на производството на клучните стоки, а и добивката исто така се намали.