Македонија

Трговскиот дефицит достигна 1,8 милијарди евра

Автор: Владимир Николоски

05. Август 2022, 12:40

Во периодот јануари- јуни 2022 година извозот изнесува 4.097.486.000 евра

Увозот изнесува 5.974.699.000 евра

Трговскиот дефицит достигна 1,8 милијарди евра

Bloomberg

Владимир Николоски

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари- јуни 2022 година, изнесува 4.097.486.000 евра и бележи пораст од 20,2 проценти во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5.974.699.000 евра што е за 28,7 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2022 година, изнесува 1.877.213.000 евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесува 68,6 проценти.

„Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба, соединенија, органски или неоргански од благородни метали, како и амалгами од благородни метали“, информира ДЗС.

Во периодот јануари-јуни 2022 година, според вкупниот обем на надворешно трговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Сите новости од рубриката Економија

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите
Адриа

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите

Тој вели дека во првата половина на годината има договори од една четвртина милијарда евра. Извозот во првото полугодие од зоните е за 11 отсто повисок во споредба со истиот период минатата година.

14.07.2022

Автор: Наташа Стојановска

Економија

сите новости од рубриката Економија