text size
Во Македонија, земјата каде што вечно сонце сјае, три отсто од вкупното производство на струја лани биле од соларни извори. Според годишниот извештај на Регулаторна комисија за енергетика, бројот на вакви електрани лани изнесувал 222 со инсталирана моќност од 45 мегавати. Произведени се 51,46 гигават часови енергија или 3,10 отсто од вкупните количини во земјава.