Македонија

Вработување во Србија и Албанија без визи и дозволи

Извор: МИА

07. Август 2022, 14:19

Вработување во Србија и Албанија без визи и дозволи

Bloomberg Mercury

Граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија, благодарение на поврзувањето на националните електронски системи на овие земји во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, по првпат ќе можат слободно да пристапат до единствениот пазар на трудот, изјави денеска директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за ИТ и е-Управа, Михаило Јовановиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Јовановиќ за денешното издание на весникот „Вечерње новости“ објаснува дека граѓаните ќе имаат можност да се вработат во една од тие три земји без никакви дополнителни документи, работни визи и посебни дозволи.

Тој додава дека денеска сите информации за јавната администрација во Србија се достапни онлајн и за граѓаните се на услуга седум дена во неделата, 24 часа дневно.

Зборувајќи за пазарот за информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) во Србија, Јовановиќ рече дека во моментот на тоа поле се вработени 92.000 луѓе, но дека пазарот се уште е „гладен“, односно дека постои „огромен дефицит во тој сектор“.

„Очекуваме дека извозот на ИКТ секторот годинава ќе надмине 2,5 милијарди евра и е поголем од извозот на земјоделството“, рече Јовановиќ. 

Зекири се товари дека го оштетил буџетот за околу 1,5 милиони евра
Општо

Зекири се товари дека го оштетил буџетот за околу 1,5 милиони евра

Зекири се товари дека спротивно на Законот и без спроведена постапка за јавна набавка склучил два договора за консултантски услуги за Пошта и Железници Транспорт вредни скоро 1,5 милиони евра.

пред 1 час

Сите новости од рубриката Економија

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите
Адриа

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите

Тој вели дека во првата половина на годината има договори од една четвртина милијарда евра. Извозот во првото полугодие од зоните е за 11 отсто повисок во споредба со истиот период минатата година.

14.07.2022

Автор: Наташа Стојановска

Економија

сите новости од рубриката Економија