Цените на становите во Скопје се зголемиле за осум проценти во третиот квартал од годинава споредено со истиот период минатата година, покажуваат новите податоци на Народната банка. Со тоа продожува растот на цените на недвижностите во главниот град, но со благо забавување ако се земе предвид дека според индексот на цените на становите на НБРМ, годишниот раст во вториот квартал бил 11,5 проценти.
„Блумберг Адрија“ веќе пишуваше дека показателот на пазарната во однос на фундаменталната вредност на становите во просек за 2023 година укажува дека домашните цени на становите се преценети. Имено, според НБРМ пазарната вредност на становите во просек за 2023 година била преценета за 10,1 проценти, што е намалување за 1,7 процентен поен во споредба со просечната преценетост за 2022 година, но и натаму е над преценетоста од 4,4 проценти во 2021 година.
„Резултатите според динамичниот капацитет на позајмување посочуваат кон повисока просечна преценетост за 15 проценти во 2023 година. Овие наоди се јавуваат како резултат на продолженото зголемување на цените на становите и растот на каматните стапки на новоодобрените станбени кредити“, пишува во извештајот за финансиска стабилност на Народната банка.
Прочитај повеќе

Колку е преценета пазарната вредност на становите во Македонија?
Становите со просечна пазарна вредност не им се достапни на домаќинствата што располагаат со просечен расположлив доход при тековните пазарни услови.
25.09.2024

Колку чини квадрат во Скопје: Стан во Центар или два во Чаир?
За период од три години цените во некои скопски општини се зголемиле над 50 отсто.
25.09.2024

Растот на цените на становите во Скопје забрза на 11,5 проценти
Кредитите за набавка на станбен и деловен простор бележат раст од 2,1 проценти во првото тримесечје од годинава.
06.07.2024

Купувачите не треба, а го плаќаат данокот за становите: Колку собираат општините?
Законот за даноците на имот е најслаба алка во даночниот систем.
08.07.2024

ББА-анализа: Како ќе се движат цените на становите во Македонија и регионот?
Растот на платите ја подобри достапноста на становите во последните неколку години во Србија и Македонија, но ја намали во Хрватска, БиХ и Словенија.
08.07.2024
Во него се укажува дека становите со просечна пазарна вредност не им се достапни на домаќинствата што располагаат со просечен расположлив доход при тековните пазарни услови.
„Со други зборови, становите со просечна пазарна вредност им се достапни на домаќинствата што располагаат со натпросечен доход, додека другите домаќинства се принудени да се пренасочат кон станови со пазарна вредност пониска од просечната, односно со пониска цена по квадратен метар или со помала површина“, наведуваат од Народната банка.
За разлика од забавениот раст на цените на станбените објекти кај нас, во другите европски земји се забележува нивно намалување, односно во 2023 година просечниот годишен пад на цените на становите во Европската Унија и во еврозоната изнесува 0,3 и 1,1 проценти, соодветно.