text size
Кога минатата недела излезе видео од „Анонимни Македонија“ во кое имаше строго предупредување до директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Фестим Халили, Bloomberg Adria веќе имаше испратено прашања до институцијата за тоа што се случува таму, откако некои наши доброупатени извори тврдеа дека доцни исплатата на парите по склучените договори. Она што го сведочеа повеќе компании, а чии идентитет е познат на нашата редакција всушност е сумирано во пораката која ја објавија „Анонимни Македонија“.