text size
Македонското вино е еден од неколкуте македонски извозни производи кои се препознатливи во светот. Во исто време, откупот на македонското грозје е проблем број еден во земјава секоја година во ова време. Македонија, по Грција, е втор најголем извозник на вино во регионот, на 29 место во светот. Во 2021 година по овој основ земјава инкасирала 61.4 милиони долари што е за 19,1 отсто повеќе споредено со 2020 година. Паралелно, лозарите протестираат и годинава како и скеоја година. Протести имаше викендов во Неготино, а ако до недела нема прифатливо решение за откупната цена, протетсите ќе се интензивираат.