text size
Стапката на невработеност во земјава заклучно со јули изнесува 14.4 отсто и тоа е најниско ниво досега, а и натаму ќе паѓа и до 2025 ќе биде едноцифрена, вели во интеврју за Блумберг Адриа, вицепремиерот задолжен за координација на економските ресори, Фатмир Битиќи. Но, проблемот со невработеноста останува затоа што во евиденцијата на Агенцијата за вработување и натаму има над 150.000 активни и пасивни невработени. Иако стопанството е „жедно“ за работници, овие невработени тешко дека можат да се вклопат на пазарот на труд затоа што дури 92 отсто од нив се функционинално неписмени. Битиќи зборува и за инфлацијата, која заклучно со август изнесува 16,8 отсто и е на рекордно ниво, но таа и натаму е во рамките на регионалниот просек. Вели дека до крајот на годината таа ќе забави и оваа, 2022, ќе заврши со стапка на инфлација од 8,8 отсто.