text size
Вредна и чесна жена за чистење стан, добар мајстор за машина за перење или миење садови, водоводџија кој е веднаш достапен, добар плочкар – групите на социјалните мрежи се полни со барања на работници кои можат брзо и квалитетно да завршат основни работи во домовите. Во коментарите има многу поплаки за времето за чекање, за квалитетот за извршените работи, но и за цените. Онаа старата „мајстор дома да не ти влезе“ сега е поточна од било кога досега.