Државните обврзници на САД паднаа поради растот на цените на нафтата во пресрет на рокот што претседателот Доналд Трамп му го постави на Иран да ги прифати условите за прекин на американските напади доцна во вторникот. Падот ги зголеми приносите за до пет базични поени, при што најмногу пораснаа приносите кај долгорочните обврзници, а десетгодишните и триесетгодишните достигнаа највисоки нивоа во текот на сесијата, во услови на спротивставени сигнали дали заканите на Трамп за масовно разорување навистина ќе се реализираат.
„Растот на приносите сигнализира дека загриженоста за инфлацијата се засилува“, изјави Шон Симко, директор за управување со инвестиции со фиксен принос во „СЕИ“ (SEI Investments Corp.).
„Колку подолго нафтата остане на повисоки нивоа и колку подолго траат борбите, толку е поголема веројатноста за долготрајна инфлаторна средина. Пазарот на обврзници продолжува да ги одразува тие случувања.“
Прочитај повеќе
Фјучерсите на акциите и обврзниците во подем по извештајот на Трамп
Пазарите бараат насока меѓу надеж за мир и страв од нови шокови, додека нафтата ги намали добивките, а акциите закрепнуваат по извештајот на Трамп за повлекување на САД од војната.
31.03.2026
Конфликти и пазари во развој: Стратегијата на Волстрит веќе не држи вода
Долгот во локална валута, некогаш главен фаворит меѓу инвеститорите на пазарите во развој (EM), брзо станува болна инвестиција.
24.03.2026
Војната со Иран избриша 2,5 билиони долари од обврзниците, се повторува сликата од 2022 година
Пазарите на обврзници се соочуваат со најголем пад од 2022 година, бидејќи поскапата нафта ја забрзува инфлацијата и ги засилува очекувањата за нови зголемувања на каматите.
23.03.2026
Германскиот 10-годишен принос на највисоко ниво од 2023 година поради страв од инфлацијата
Стравот од нов енергетски шок поради војната во Иран ги турна германските приноси на највисоко ниво од 2023 година и ги зголеми очекувањата за нови потези од ЕЦБ.
12.03.2026
Глобалните обврзници ги бришат добивките од 2026 година, бидејќи војната поттикнува инфлациски страв
Приносите од американските државни обврзници се искачија на повеќемесечни максимуми оваа недела.
12.03.2026
Цените на нафтата, клучен двигател на приносите на американските обврзници од почетокот на американските напади врз Иран на 28 февруари, пораснаа, при што фјучерсите на референтната американска нафта Вест Тексас скокнаа и до 4,6 отсто во однос на затворањето, достигнувајќи највисоки нивоа во повеќе години во понеделникот. Приносите кон крајот на март достигнаа највисоки нивоа од почетокот на годината поради растот на цените на енергијата, но потоа се повлекоа поради растечките стравувања дека шокот на нафтениот пазар може да го забави економскиот раст.
Приносите на краткорочните обврзници останаа стабилни по првата овонеделна аукција на американски државни хартии од вредност, емисија на тригодишни обврзници во вредност од 58 милијарди долари, која беше реализирана со понизок принос од очекуваниот, што укажува на силна побарувачка. Аукцијата беше затворена на ниво од 3,897 отсто, повеќе од еден базичен поен под приносот во тргувањето непосредно пред истекот на рокот за доставување понуди во 13 часот по њујоршко време.
Минатомесечната аукција на тригодишни обврзници беше прва по нападите на САД врз Иран, а тогаш побарувачката беше забележливо слаба. Слабите резултати на повеќето аукции минатиот месец, во услови на нестабилен пазар, го зголемија значењето на овонеделните емисии. Следуваат аукции на десетгодишни обврзници во среда и на триесетгодишни во четврток.
Bloomberg
Растот на приносите, иако поттикнат од цените на нафтата, беше ограничен од неизвесноста околу текот на војната.
„Се чини дека пазарите имаат тешкотии да ги проценат следните потези на Блискиот Исток“, изјави Моли Брукс, стратег за каматни стапки во „ТД секјуритис“ (TD Securities). Почетните добивки, поттикнати од изгледите за договор, беа избришани по извештаите дека Иран ги прекинал преговорите.
Европските пазари на обврзници, каде тргувањето продолжи за првпат од четвртокот, значително заостануваа зад американските, бидејќи трговците ги засилија обложувањата за зголемување на каматните стапки оваа година од страна на Европската централна банка и Банката на Англија. Приносите на двегодишните обврзници низ регионот пораснаа за најмалку десет базични поени.
Европскиот долг е особено изложен на војната на Блискиот Исток поради зависноста од увоз на енергија, што го прави ранлив на раст на цените на нафтата и гасот. Постои страв дека забрзаната инфлација би можела да ги натера централните банки да ги зголемат трошоците за задолжување.
Пред американските напади врз Иран, се очекуваше овие централни банки да ги задржат или намалат каматните стапки. Исто така, пазарите сметаа на две намалувања на каматните стапки од по 0,25 процентни поени од страна на Федералните резерви оваа година, но во меѓувреме очекувањата се сведоеа на само едно намалување до крајот на следната година.
Во тој контекст, приносот на двегодишните американски обврзници е повисок од германскиот за 114 базични поени, близу до најмалата разлика во корист на САД од 2021 година при затворањето.
„Пазарот е разбирливо ослабен во вакви услови“ изјави Џонатан Кон, шеф за стратегија за каматни стапки во САД во „Номура секјуритис“ (Nomura Securities). „Администрацијата премногу се потпира на изјави наместо на конкретни потези, а без јасен напредок тоа ја намалува нивната тежина и ја одржува неизвесноста, поради што инвеститорите се повлекуваат од ризик“.