Најмалку два брода поврзани со Иран, кои се под американски санкции, во четвртокот минаа низ Ормускиот Теснец и влегоа во Персискиот Залив користејќи рута што би можела да биде нова, од Обединетите Арапски Емирати, и покрај тоа што веќе трет ден продолжува американската блокада.
Сопствениците на бродови, трговците со енергенти и инвеститорите внимателно го следат движењето низ теснецот за да проценат како Техеран и Вашингтон контролираат еден од најгустите со сообраќај светски поморски коридори. Само мал број бродови минале од почетокот на американското пресретнување на сообраќајот, главно затоа што екипажите сега мора да добијат одобрение не од една туку од две морнарици за да обезбедат безбеден премин за себе и за товарот.
Бродот за превоз на течен нафтен гас „Г Самер“ (G Summer) влезе во Персискиот Залив минувајќи меѓу иранските острови Ларак и Кешм доцна во средата попладне, покажуваат податоците за следење бродови. Како празен танкер, емитувал податок дека има кинеска сопственост и екипаж, што е честа безбедносна мерка, додека како дестинација го навел ирачкото пристаниште Хор ал Зубаир.
Прочитај повеќе
САД и Иран разговараат за продолжување на примирјето за уште две недели
Прекинот на огнот истекува следната недела, а медијаторите се обидуваат да го отворат патот за долгорочен договор.
пред 5 часа
САД ја укинуваат олеснетата трговија со иранска нафта
По неуспешните преговори и блокадата во Ормускиот теснец, тензиите влегуваат во нова фаза.
14.04.2026
Иран ќе ја стопира пловидбата низ Ормуз за да не ги загрози мировните преговори
Иран размислува за краткорочна пауза на испораките преку Ормускиот Tеснец за да избегне тестирање на американската блокада и да не ја загрози новата рунда мировни преговори, велат анонимни извори блиски до власите во Техеран.
14.04.2026
Санкциониран танкер ја тестира американската блокада на Ормускиот Тесенц
Танкер санкциониран од САД и поврзан со Кина испловува од Ормускиот Теснец кон Оманскиот залив, тестирајќи ја поморската блокада на претседателот Доналд Трамп.
14.04.2026
Почна блокадата на САД на Ормускиот Теснец, Трамп се закани со напад врз ирански бродови
Блокадата на Трамп ќе ја тестира издржливоста на кревкото примирје со Иран и ќе ја интензивира глобалната енергетска криза.
13.04.2026
Што знаеме за планот на Трамп за блокада на Ормускиот Теснец?
Иако точниот облик на блокадата е нејасен, таа речиси сигурно би вклучувала инспекција и забрана за некои бродови, можеби дури и качување и запленување на бродови со врски со Техеран.
13.04.2026
Супертанкерот за сурова нафта „Хонг Лу“ (Hong Lu), кој како и „Г Самер“ е ставен на црната листа на Вашингтон поради врски со Иран, поминал меѓу островите малку подоцна. Овој танкер, кој може да превезе до два милиона барели нафта, не е натоварен и сега плови западно по должината на иранскиот брег. Тој привремено ја навел Басра во Ирак како дестинација, но сега наведува дека чека дополнителни инструкции.
Bloomberg
Два брода поврзани со Иран, „Г Самер“ и „Хонг Лу“, како и бродот за рефусен товар „Розалина“ (Rosalina), кој плови кон Иран, во средата влегоа во Персискиот Залив користејќи рута што сè повеќе се користи.
„Г-Самер“ и „Хонг Лу“ претходно неделава пристигнале во близината на Фуџеира во Обединетите Арапски Емирати, пред да се придвижат во средата североисточно преку Оманскиот Залив кон иранскиот брег, а потоа северно кон Ормускиот Теснец, по невообичаено обиколна маршрута.
Неколку часа пред нив, бродот „Розалина“ натоварен со храна минал по истата рута, сигнализирајќи дека се движи кон иранско пристаниште.
Помалиот танкер за нафтени деривати „Ноблер“ (Nobler) поминал неколку часа подоцна низ теснецот кон исток, излегувајќи во Оманскиот Залив. Тој пловел јужно од островот Ларак при излегувањето од Ормускиот Теснец и како дестинација го навел оманскиот Сохар. Овој брод влегол во Персискиот Залив на почетокот на февруари и останал таму за време на седумнеделниот конфликт.
Заминувањето на „Ноблер“ од Персискиот Залив следувало по два контејнерски брода поврзани со Иран. Според достапните податоци, во средата „Голбон“ (Golbon) и „Кашан“ (Kashan) го напуштиле заливот движејќи се по должината на иранскиот брег кон границата со Пакистан.
Иако двојната блокада не го запре сообраќајот, премините се сведени на минимум, а не е забележан ниту еден натоварен танкер со иранска нафта што излегува низ Ормускиот Теснец. Тоа отвора прашања за воениот извоз од околу 1,7 милион барели дневно, но може да укажува и на обид да се избегне директен судир. Електронските пречки и практиката на исклучување транспондери, сепак, значат дека можеби не се регистрирани сите премини.
Американската централна команда во средата соопшти дека ниту еден брод не поминал низ нивната блокада и дека девет пловила постапиле според упатствата на американските сили и се вратиле кон Иран. Техеран, од друга страна, тврдеше дека еден нивен супертанкер успеал да ја пробие американската блокада. Иако бродот не беше именуван, можно е да станува збор за „Алисија“ (Alicia), празен брод под американски санкции, кој влегол минувајќи покрај островот Ларак неколку часа пред „Хонг Лу“.
Податоците за следење бродови што ги собра „Блумберг“ покажуваат дека во вторникот низ теснецот минале 11 трговски брода, додека за време на викендот, пред блокадата, просекот бил 16. Тоа е релативно висок број за недели на конфликт, но и натаму значително под предвоениот просек од околу 135 дневно.
„Г Самер“ е во сопственост и под управување на „Сипорт-Глори марин“ (Seaport-Glory Marine Co. Ltd.) од Хонгконг, според базата „Еквазис“ која не содржи контакт-податоци за компанијата. За „Хонг Лу“ не се наведени ниту сопственик ниту управител, што е честа карактеристика на таканаречената темна флота.
Компанијата „Пацифик дрим“ (Pacific Dream Shipping) е наведена како сопственик на бродот „Розалина“, но нема јавно достапни контакт-податоци. Таа дели иста адреса во Монако со фирмата „Си ворлд“ (Sea World Management S.A.M.), која не одговори веднаш на барањата за коментар.
Сопственикот на бродот „Ноблер“, „Руишенг шип“ (Ruisheng Ship Management Ltd.), ја користи истата адреса како и неговиот управител „Ќингдао Шенгсијанг“ (Qingdao Shengxiang Shipping Co.) од Кина. Ниту таа компанија не одговори веднаш на барањето испратено по електронска пошта.