Со доаѓањето на Кевин Варш на чело на американските Федерални резерви (Фед), инвеститорите влегуваат во период на висока неизвесност, а клучната порака за наредните месеци е јасна - нестабилноста допрва започнува. Пазарот ќе тестира дали реториката на Варш за пониски стапки беше само дел од процесот на потврда пред Сенатот или вистинска намера.
Новиот гувернер го презема кормилото додека макроекономскиот пејзаж драстично се менува, а блокадата на Ормускиот Теснец и ладењето на американскиот пазар на труд поставуваат нови предизвици. За тоа што инвеститорите можат да очекуваат, разговаравме со Марко Бјеговиќ, основач и извршен директор на „Аркомина рисрч“.
Првите потези на новиот гувернер
Веднаш на почетокот, Бјеговиќ истакнува дека очекува Варш да започне со она поради што и дојде - намалување на каматните стапки и намалување на имотот на Фед. Сепак, предупредува дека тоа нема да може да го направи самостојно.
Прочитај повеќе
„Сосиете Женерал“: Ворш е пред голем тест додека приносите излегуваат од контрола
Приносите на американските обврзници достигнаа највисоки нивоа во една година поради стравувањата дека војната со Иран ќе ја засили инфлацијата.
пред 23 часа
Ворш избран за нов шеф на Фед со рекордно тенка поддршка
Именувањето на Кевин Ворш беше одобрено од 54 сенатори, додека 45 гласаа против.
13.05.2026
Трамп: Не ми е важно дали Пауел ќе остане во одборот на Фед
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека не му е важно дали Пауел ќе остане гувернер по истекот на мандатот како претседател на Фед.
01.05.2026
Федералните резерви ги задржаа каматните стапки, Пауел останува гувернер
Федералните резерви ги задржаа каматните стапки непроменети, но по одлуката стана јасно дека се продлабочиле поделбите околу идните чекори во монетарната политика поради растечката неизвесност од конфликтот на Блискиот Исток.
29.04.2026
„Тој е само еден од дванаесет гласови. Не може тоа да го направи сам, но она што може е да влијае на другите членови. Има многу поголемо влијание врз нив отколку што тие меѓусебно имаат еден врз друг,“ објаснува Бјеговиќ. Според неговото мислење, Варш веднаш ќе започне со агендата за намалување на стапките, но тоа тешко ќе помине од прва.
Главната пречка ги претставуваат најновите економски податоци. „Стапката на инфлација, односно CPI и PPI, не беа баш добри овој месец, така што тоа тешко ќе помине веднаш,“ наведува Бјеговиќ. Иако податоците за април покажуваат забавување на пазарот на труд, со 115 илјади нововработени во споредба со 185 илјади во март, тоа ладење веројатно не е доволно за да оправда агресивен пресврт уште на состанокот во јуни.
„Тие никогаш не реагираат врз основа на еден месец, така што тоа можеме лесно да го заборавиме,“ категоричен е Бјеговиќ. Како поверојатни месеци за потенцијално намалување ги наведува јули или септември, но под услов трендот на слабеење на пазарот на труд да продолжи.
Нови алатки за стара политика?
За да го оправда својот посакуван правец, Варш би можел да се сврти кон нови, помалку користени економски показатели. Бјеговиќ истакнува дека Варш веќе порано почнал да зборува за таканаречениот ‘trimmed-mean PCE’ (просечен индекс на лична потрошувачка без екстремни вредности), индикатор на инфлација кој Фед инаку го преферира во однос на CPI.
„Тоа е индикатор кој ги зема компонентите што најмногу растат и што најмногу паѓаат и потоа ги отстранува, гледајќи само некаков централeн просек. Податокот за март беше на 2,36 проценти, што е доста блиску до целта на Фед од два проценти, и е во постојан пад,“ објаснува Бјеговиќ.
Смета дека фокусот на Варш ќе се насочи токму кон такви, нови показатели. „Ако успее да ги наведе и другите членови на Фед да почнат да зборуваат за тие индикатори, тогаш би можеле да зборуваме за намалување на каматните стапки релативно брзо.“
Доларот пред искушение, Пауел во сенка.
Што се однесува до валутите, Бјеговиќ очекува благо слабеење на доларот, но не и драстичен пад без полоши податоци од пазарот на труд. Предвидува дека курсот на еврото и доларот би можел да се движи во распон од 1,17 до 1,20, но пробив над тие нивоа не е веројатен без дополнителен импулс.
EURUSD:CUR
EUR-USD X-RATE
1,1625 USD
-0,00440 -0,38%
почетна цена
0
претходна цена на затворање
1,1669
промена од почетокот на годината
-1,0301%
дневен опсег
0,00 - 0,00
опсег на 52 недели
1,12 - 1,21
Интересна динамика во Одборот на гувернери внесува и останувањето на поранешниот претседател Џером Пауел, чиј мандат трае до 2028 година. Може ли Ворш да води независна политика додека неговиот поранешен шеф „седи на масата“? Бјеговиќ верува дека може. ‘Пауел и понатаму е само еден глас. Мислам дека нема медиумски да се експонира и дека ќе се однесува слично како и пред да стане претседател на Фед,’ вели Бјеговиќ.
Понатаму додава дека Пауел по својата природа е повеќе склон кон пониски каматни стапки и, во случај на слабеење на пазарот на труд, би можел да застане на страната на Ворш. „Тоа би бил интересен расплет“, заклучува.
Пазарот во наредните недели и месеци внимателно ќе го следи секој потег на Ворш, тестирајќи дали неговата реторика за пониски стапки беше само дел од процесот на потврда пред Сенатот или вистинска намера. Првите негови јавни настапи откако ќе ја преземе функцијата ќе бидат клучни.
„Пазарот ќе бара потврда дека тој навистина сака да ги намали каматните стапки“, предупредува Бјеговиќ, додавајќи дека секое разминување меѓу она што гувернерот го зборува и она што Фед на крајот ќе го направи може да создаде сериозен проблем и дополнителна неизвесност на пазарите.