text size
Иранската економија беше под притисок и пред САД и Израел да започнат војна против Исламската Република, соочувајќи се со негативен економски раст, висока инфлација и валутна криза. Тие проблеми дополнително ги влошија нападите врз цивилната и индустриската инфраструктура на земјата и американската поморска блокада на иранските пристаништа.
И покрај тоа, Иран издржа шест месеци конфликт без економски колапс. Додека војната се одолжува, администрацијата на Доналд Трамп настојува да го засили економскиот притисок за да го принуди Иран на капитулација и укинување на блокадата на Ормускиот Теснец. Таа се закани со економски казни за секоја земја што ќе продолжи да работи со Иран.
Дали оваа стратегија ќе успее останува отворено прашање. Иран има висок праг на толеранција на притисок благодарение на повеќедецениското искуство во издржувањето повеќекратни слоеви од меѓународни санкции, додека земјите поврзани со Техеран досега ги игнорираа предупредувањата на САД.
Прочитај повеќе
Трамп: Нападите врз Иран ќе бидат краткотрајни
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека обновените напади врз Иран веројатно ќе бидат краткотрајни, повторувајќи го своето тврдење дека Вашингтон го контролира Ормускиот Теснец,
пред 4 часа
Конфликтот меѓу САД и Иран се интензивира, Трамп ја минимизира желбата за договор
Конфликтот меѓу САД и Иран нагло ескалираше, при што американските сили извршија нов бран напади, а Иран соопшти дека возвратил.
02.09.2026
САД и Иран повторно се судрија по еден месец, нафтата скокна над 90 долари
САД и Иран повторно разменија воени удари, прекинувајќи го повеќенеделниот период на релативно затишје и отворајќи нова опасност од ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.
31.08.2026
Американските сојузници предупредуваат дека Ормускиот Теснец сè уште е миниран
Претседателот Доналд Трамп тврди дека американската морнарица целосно ги отстранила и детонирала експлозивните направи поставени од Иран.
27.08.2026
Шји испраќа порака дека нема да се покори додека САД се закануваат со санкции
Владата на Шји Џјинпинг испраќа порака на пркос кон Доналд Трамп во врска со економските врски на Кина со Иран.
25.08.2026
Какви беа економските услови во Иран пред војната?
Иранците со години се соочуваат со висока инфлација, поради која основните прехранбени производи како јајцата, оризот и месото стануваа сè помалку достапни. Луѓето ги променија потрошувачките навики, па во некои случаи црвеното месо и пилешкото ги заменија со поевтини алтернативи како соја.
Растот на цените беше предизвикан од драматичниот пад на иранските приходи од извозот и приливот на странски валути откако првата администрација на Трамп повторно воведе строги американски санкции. Ограничената понуда на американски долари ја намали вредноста на ријалот и го поскапе увозот. Покрај санкциите, економијата ја оптоваруваат корупцијата и лошото државно управување.
Храната во Иран станува сè поскапа
Движење на малопродажните цени на избрани основни производи на пазарот во Техеран
Bloomberg
Како војната ја влоши ситуацијата?
Американските и израелските бомбардирања ја оштетија инфраструктурата низ целата земја, вклучувајќи куќи, болници, училишта и складишта за гориво, и усмртија илјадници луѓе. Шесте недели напади што му претходеа на прекинот на огнот договорен во април предизвикаа економска штета од околу 270 милијарди долари, според податоците на иранската влада. Меѓународниот монетарен фонд во јули прогнозираше дека иранскиот бруто-домашен производ оваа година ќе падне за 5,4 отсто, што би претставувало најголем пад во последните неколку децении.
Ријалот остана под притисок, поттикнувајќи ја инфлацијата. Валутата во август падна на најниското ниво во историјата во однос на доларот, додека меѓугодишната инфлација во јули достигна 87,9 отсто, според податоците на Статистичкиот центар на Иран. Сè повеќе домаќинства почнаа да користат кредити поради недостигот од готовина, додека плановите за отплата на рати за основните производи и услуги, вклучувајќи ги и прехранбените производи, доживеаја процут.
Иранската валута е под притисок
Паралелен курс на ријалот во однос на доларот
Bloomberg
Какво е влијанието на американската блокада?
Иранскиот извоз од Персискиот Залив практично е прекинат, што ги намали приходите на земјата од продажбата на нафта, петрохемиски производи и индустриски производи како челик.
Новите испораки на сурова нафта од Иран речиси целосно пресушија. Во средината на август најмалку 41 милион барели иранска сурова нафта беа заробени на бродови во Заливот, според податоците на компанијата „Кеплер“ (Kpler), која го следи пазарот на стоки. Иако повеќе од 80 милиони барели се наоѓаа на бродови надвор од зоната на блокадата, поголемиот дел од таа нафта веќе беше наменет за купувачи, напиша Хомајун Фалакшахи, директор на одделот за анализа на сурова нафта во компанијата „Кеплер“.
Кина е најголемиот увозник на иранска сурова нафта и купува околу 90 отсто од нејзиниот нафтен извоз. „Приходите обично се враќаат во земјата дури еден-два месеца по истоварот во кинеските пристаништа“, рече Фалакшахи. „Со сегашната брзина на истовар, оваа нафта на море би можела да го одржува приливот на приходи уште пет-шест месеци пред приходите од извозот практично да исчезнат.“
Падот на вкупниот ирански извоз ги намали приходите на земјата во странски валути и пристапот до цврсти валути, кои се клучни за стабилизирање на ријалот и инфлацијата, како и за обезбедување увоз на суровини со кои се снабдува индустрискиот сектор на земјата. Гувернерот на централната банка во август рече дека Иран од јануари ги зголемувал девизните резерви очекувајќи ја војната и дека има доволно средства за набавка на основни производи и лекови.
Додека американската блокада ги прекинува испораките во Иран, земјата се соочува со сè поголем недостиг од гориво. Државниот весник „Хамшахри“ извести дека на бензинските пумпи во Техеран се формирале долги редици поради стравувањата од зголемување на цените. Иран има повеќестепен систем на квоти со кој на секој автомобил му обезбедува месечно количество бензин по намалена цена. Претходните обиди за зголемување на цените доведоа до протести со смртни последици.
Иран увезува бензин за да го надомести недостигот од домашното производство
Потрошувачка во однос на производствените капацитети
Bloomberg
Дали ќе успее новата американска стратегија на економска изолација?
Администрацијата на Трамп кон крајот на август ја започна операцијата „Економска изолација“, со цел да ги „пресече економските линии на снабдување што го одржуваат иранскиот режим“. Сепак, американскиот министер за финансии Скот Бесент само им се закани на иранските трговски партнери со таканаречени секундарни санкции наместо навистина да ги казни. Иако нови санкции беа воведени против десетици мали помалку познати компании и поединци обвинети дека овозможуваат деловно работење со Иран, големите кинески купувачи на иранска нафта и банките што ги овозможуваат тие купувања беа поштедени.
Првично најавените санкции „ќе го зголемат притисокот врз Иран“, според „Блумберг економикс“, но ако САД не бидат подготвени да целат на најголемиот купувач на иранска нафта - Кина, „најавената ’економска асфиксија‘ на Бесент нема да биде доволна за да го задуши Техеран“.
Воведувањето секундарни санкции против Кина би можело да ги загрози напорите на САД да го продолжат царинското примирје и да предизвика одмазда од Пекинг. Кина предупреди дека нејзиниот однос со Иран „не треба да биде попречуван или поткопуван“ и дека ќе ги преземе „сите неопходни мерки“ за да ги заштити своите интереси.
Кина е најголем купувач на иранска нафта
Вкупниот извоз на иранска сурова нафта и количествата испорачани во Кина
Bloomberg
Самиот Иран се закани со одмазда поради американската кампања за притисок, што кај некои од неговите соседи во Персискиот Залив би можело да предизвика загриженост од обновување на нападите. Северозападниот сосед Турција, исто така, се соочува со дилема: од една страна сака да ја задржи наклонетоста на Вашингтон додека настојува да купи американски борбени авиони, а од друга страна Иран минатата година обезбеди повеќе од 10 отсто од нејзиниот увоз на природен гас.
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) веќе ги прекинаа економските врски со Иран, откако ја обвинија иранската влада дека истрелала балистички ракети кон нивната територија. Тоа дополнително ќе го зголеми притисокот врз Иран, бидејќи ОАЕ се еден од неговите најголеми трговски партнери. Обединетите Арапски Емирати беа клучен посредник, бидејќи трговците таму увезуваа западна стока, а потоа ја извезуваа во Иран. Тие исто така служеа како финансиски центар за иранските компании, овозможувајќи трансакции и пристап до странски валути.
Како Иран успеваше досега да му се спротивстави на економскиот притисок?
Иран има повеќедецениско искуство во ублажување на последиците од трговските ембарга, економската изолација и војната. Усвои различни методи за заобиколување на западните санкции, вклучувајќи ги о и слоевите фиктивни компании за прикривање на деловните трансакции и таканаречени „темни флоти“ танкери за извоз на нафта.
Земјата и претходно преживуваше подолги периоди на низок извоз на сурова нафта, вклучувајќи и за време на првиот мандат на Трамп, кога тој ги повлече САД од меѓународниот нуклеарен договор со Иран и повторно воведе строги санкции. Иако сегашната блокада физички ја попречува способноста на Иран да испраќа нафта до купувачите, ќе биде потребно време последиците да се прелеат во остатокот од економијата. Продажбата од почетокот на војната имаше корист од скокот на глобалните цени на енергентите, што ѝ обезбеди на земјата финансиски заштитен слој.
Иран и претходно издржал притисок врз својата нафтена индустрија
Извоз на иранска сурова нафта
Bloomberg
Иран го зголеми користењето трговски рути што не зависат од Ормускиот Теснец. Тој повеќе се потпираше на железничките врски со Пакистан, Авганистан и Кина, како и на северните пристаништа по должината на Касписко Море, кои традиционално овозможуваат трговија со Русија.
Иран од 2013 година има официјална политика на „економски отпор“. Тоа беше доктрина на поранешниот врховен лидер ајатолахот Али Хаменеи, кого Израел го уби во првиот бран на војната. Тој сакаше Иран да го зајакне домашното производство и да ја намали зависноста од увозот за да се заштити од понатамошна изолација од Западот. За време на првиот мандат на Трамп беше остварен одреден напредок кон таа цел, кога исчезнувањето на странската стока и брендовите го отвори пазарот за иранските производители.
Дали економските тешкотии претставуваат закана за иранската влада?
Големиот пад на вредноста на ријалот во декември предизвика масовни протести, на кои државата одговори со смртоносна пресметка во која беа убиени илјадници луѓе. Иако постои можност за нови граѓански немири поради економското незадоволство, тоа не значи дека режимот е подложен на колапс. Исламската револуционерна гарда дополнително ја зацврсти својата власт. Војната исто така го поттикна противењето на јавноста кон САД и Израел, што би можело да засени дел од незадоволството поради состојбите во земјата.