text size
САД ја изгуби највисоката кредитна оценка од агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“(Fitch Ratings), поради растечкиот буџетски дефицит на земјата и „ерозијата со управувањето“ што доведе до повторени судири околу лимитите на долгот во последните две децении. Кредитната агенција го намали рејтингот на САД за еден степен, од ААА на АА+, слично на она што го направи пред повеќе од една деценија американската компанија за финансиски услуги Стандард и Пурс -„С&П Рејтингс“(S&P Global Ratings).Даночните намалувања и новите иницијативи за трошење, заедно со повеќекратните економски шокови, го зголемија буџетскиот дефицит, додека долгорочните предизвици поврзани со зголемените трошоци за социјална помош остануваат главно нерешени.