text size
Членовите на Федералниот комитет за отворен пазар во САД денеска едногласно донесоа одлука да не се менува референтната каматна стапка односно да остане во досегашниот опсег од 5,25-5,5 проценти, што е највисоко ниво во последните две децении. Ова е шестиот состанок по ред на кој членовите на комитетот ја носат истата одлука.