text size
С.Македонија со оценка 11,49 го зазеде второто место на новата листа земји рангирани според Индексот на перформанси за странски директни инвестиции (СДИ) што ја подготви „Инвестмент монитор“ (Investment monitor). Станува збор за индекс кој ги мери директните странски инвестиции на земјите во однос на нивниот бруто домашен производ (БДП). Прва на листата 2022 е Костарика со оценка од 13,4. Тоа значи дека оваа земја добила повеќе од 13 пати повеќе гринфилд странски директни инвестиции во споредба со она што може да се очекува со оглед на нивото на БДП.