text size
По 2023 година рекордот за најтопла година беше урнат и во 2024-та. Освен тоа, лани беше урнат уште еден неславен рекорд, за првпат годишната температура на земјата беше повисока од 1,5°C над прединдустрискиот просек. Надминувањето на прагот се случи побрзо од предвиденото и овој факт потврдува дека светот ја пропушта можноста да ги исполни целите на Парискиот договор.