text size
Доналд Трамп официјално го почна својот втор мандат во животот како американски претседател на 20 јануари 2025 година. Оттогаш светот виде и доживеа многу работи од него, но веројатно најзначајните според потресите што ги предизвикуваа и сѐ уште ги предизвикуваат на планетата се царинските тарифи што почна да ги објавува во април лани, блиц-војната со здружени сили со Израел против Иран во јуни и, секако, вториот конфликт против Исламската Република, кој почна на 28 февруари годинава и сѐ уште не му се гледа крајот.