Европската унија подготвува најголем фонд во својата историја за финансирање на стартапи во подоцнежна фаза.
Зошто?
Со децении европските еднорози (стартапи кои ја надминуваат вредноста од милијарда долари) ја напуштаат Европа и капитал за раст собираат во Америка и Британија, преку големи фондови и берзи во Њујорк, Лондон или Силициумската долина.
Прочитај повеќе
Стартапите очајуваат зашто помина времето на еднорозите
Интересот на инвеститорите за стартапи од милијарди долари се намалува и сега трилион долари се заробени во компании со сè помали шанси за успех.
19.04.2025
Македонски стартапи стануваат магнет за странски фондови и бизнис-ангели
Домашната сцена на фондови на ризичен капитал нема доволно капацитет да ги поддржи најдобрите македонски стартапи, па тие наоѓаат финансиери од странство.
04.03.2025
Сингапур го има најдобриот стартап екосистем во светот - кој друг е во топ 10?
Швајцарија, Шведска, Франција и Германија ја заокружуваат најдобрата петорка кога станува збор за квалитетен стартап екосистем.
08.12.2025
Македонска компанија има решение: Како од стартап до глобален успех
„Нест“ е компанија што во Македонија се профилираше како еден од клучните играчи за поврзувањето на стартапите со вистинските инвеститори.
28.10.2025
Scaleup Europe Fund е одговор на токму ова
Фондот СЕФ (Scaleup Europe Fund), вреден пет милијарди евра, треба да започне со првите инвестиции во вториот квартал од 2026 година. Оној кој ќе добие мандат да управува со овие пари, ќе добие и улога која ќе ја обликува европската технолошка сцена во следната деценија.
Европа конечно сака да ги задржи еднорозите
Scaleup Europe Fund не е класичен инвестициски фонд, туку политички инструмент со пазарна логика. Идејата е едноставна: Европа сака да ги задржи своите технолошки компании доволно долго за тие да станат глобални играчи.
Фондот се финансира со комбинација на јавни и приватни средства. Европската комисија вложува една милијарда евра од програмата „Хоризонт Европа“ (Horizon Europe), додека приватните инвеститори треба да обезбедат најмалку уште две милијарди. Целта е фонд од пет милијарди евра, со долгорочна амбиција да достигне 25 милијарди.
Капиталот е наменет за таканаречените длабоки технологии (deep tech) – иновации базирани на напредна наука. Фокусот е на вештачка интелигенција, квантни технологии, полупроводнички чипови, роботика и биотехнологија.
Дeep tech компаниите обично развиваат технологии кои потекнуваат од универзитетски лаборатории или долгорочни истражувачки програми. Таквите фирми минуваат низ подолг технолошки циклус на развој и често бараат повеќе капитал пред производот да се појави на пазарот.
Минималните рунди на финансирање надминуваат 100 милиони евра.
Тоа значи дека компаниите кои аплицираат веќе мора да имаат развиен производ, први значајни приходи и инвестиции од претходни рунди како серија B или серија C финансирање. Фондот е наменет за компании кои технолошки го верифицирале производот и сега бараат капитал за глобално скалирање, изградба на производствени капацитети или проширување на нови пазари.
Со други зборови, типичен кандидат за овој фонд е стартап кој веќе вработува стотици инженери или истражувачи и развива технологија која може да стане стратешки важна за европската индустрија.
„Блумберг“ пренесе дека ЕУ ќе ја намали листата на кандидати за управување со фондот на пет компании: шведските ЕКТ (EQT) и „Нортзоун“ (Northzone), францускиот „Еуразео“ (Eurazeo), како и британските „Атомико“ (Atomico) и ВП (Vitruvian Partners).
Во европските финансиски кругови најмногу се споменува едно име: ЕКТ. ЕКТ е еден од најголемите инвестициони фондови во Европа, со повеќе од 230 милијарди евра имот под управување. Фондот во последните две децении инвестира во стотици технолошки и индустриски компании ширум светот.
Причината за оваа промена е јасна. Речиси 30 отсто од европските еднорози – стартап компании вредни повеќе од една милијарда долари – се преселиле надвор од Европа помеѓу 2008 и 2021 година. Scaleup Europe Fund е директен обид да се запре тој тренд и компаниите да останат во ЕУ.
Европа имаше истражувачи, инженери и идеи, но немаше капитал кој останува на континентот. Кога компанијата достигнува фаза на глобален раст, парите скоро секогаш доаѓаат од Сан Франциско или Њујорк. Со тие пари често доаѓа и притисокот компанијата да се пресели.
Овој фонд се обидува да го прекине тој круг.
Не преку субвенции, туку преку пазарен капитал со јасна порака: остани во Европа.
Иако Scaleup Europe Fund претставува најголем европски инструмент за финансирање на стартапи во подоцнежна фаза, неговите пет милијарди евра се уште неколку пати помалку од капиталот со кој располагаат најголемите американски фондови за ризичен капитал.
Дали ова е релевантно за регионалните основачи?
Постои еден клучен услов за инвестиција од фондот: компанијата мора да има, или да премести, седиште во некоја од земјите на ЕУ или држави кои учествуваат во програмата „Хоризонт Европа“.
Тука започнува релевантноста за регионот Адрија. Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска се во овие рамки.
Сепак, регионот години наназад се наоѓа во неповолна позиција. Има доволно таленти за глобални производи, но недоволно претприемачи и квалитетни компании кои добиваат финансирање.
Србија во моментов има 11 активни фондови за ризичен капитал со вкупно 77 финансирани компании, но најголемите рунди не надминуваат 3 милиони евра инвестиција.
Хрватска и Словенија котираат малку подобро на оваа листа, и овој фонд би можел да има значење, но повторно за многу мал број компании. Хрватскиот стартап „Дејтона“ (Daytona), во февруари годинава собра инвестиција од 24 милиони долари, пред сè од американски инвеститори.
Daytona
За регионот Адрија пораката е јасна, но бара значаен напредок во развојот на стартап екосистемот. За компаниите од регионот да станат кандидати за такви фондови, потребни се неколку работи: повеќе капитал во ранливите фази, поголем број стартапи кои ја надминуваат фазата од десетици милиони евра приходи, како и посилна врска помеѓу универзитетските истражувања и индустријата.
Во пракса, тоа значи дека регионот мора да создаде повеќе компании кои можат да подигнат рунди од 20 до 50 милиони евра, како „Дејтона“ од Хрватска, пред да станат кандидати за фондови кои вложуваат стотици милиони.
Директен пристап до фондот за повеќето компании од Србија, Северна Македонија или Босна и Херцеговина не е реален на краток рок. Но, екосистемот кој се гради околу него отвора пат кој до сега не постоел.
Кој ќе победи во април, нема само да управува со парите. Тој ќе ги управува со правилата на играта за следната генерација европски основачи.
.