text size
Рекордната недела на њујоршката берза заврши во минус во петокот. Индексите се намалија поради распродажбата на технолошките акции и зголемувањето на приносите од обврзниците. Извештајот за пазарот на трудот во САД во петокот покажа дека бројот на нови работни места надвор од земјоделството се зголемил за 172.000, додека аналитичарите очекуваа зголемување од 88.000. Пазарот веднаш ги оживеа облозите дека Федералните резерви на САД (Фед) повторно ќе ги зголемат каматните стапки на следниот состанок.