text size
Да се фокусираме на квалитетни компании, со силни биланси и стабилни дивиденди, приноси и маржи, но и кон компании што имаат поголема вредност и резерви на енергија, па се со ограничени ризици за идниот раст. Оваа препорака е од еден од главните аналитичари на Голдман Сакс, стратегот Питер Опенхајмер. Заклучокот го извадивме од последната анализа, во која се дадени очекувањата за кондицијата на пазарите, ама само на пазарите на акции. Од Голдман Сакс се претпазливи во прогнозите и според нив инвеститорите во акции што се надеваат на подобра година, во 2023-та ќе бидат разочарани, оти, како што посочуваат, фазата на мечкин пазар сè уште не е завршена.