Биткоинот се приближи до психолошката граница од 100.000 долари за првпат од февруари, а се очекува американскиот претседател Доналд Трамп да објави трговски договор со Велика Британија.
Најголемото дигитално средство денеска порасна дури за 2,9 проценти, на 99.621 долар, а и повеќето главни токени се искачија нагоре. Етерот - вториот најголем токен - скокна дури за осум проценти, на 1.943 долари.
XBTUSD:CUR
XBT-USD Cross Rate
99.687,81 USD
+2.893,72 +2,99%
почетна цена
96.794,09
претходна цена на затворање
96.794,09
промена од почетокот на годината
6,2668%
дневен опсег
96.691,73 - 99.785,37
опсег на 52 недели
52.598,86 - 109.241,11
Овие движења го продолжуваат растот што започна во средата, по најавите дека САД ќе одржат трговски разговори со кинеската влада во Швајцарија, сигнализирајќи можна деескалација на царинскиот спор меѓу двете најголеми економии во светот. Синоќа Трамп во објава на социјалните мрежи најави „голем трговски договор“ со неименувана земја. Се очекува договорот да биде со Велика Британија, според извештаите.
Прочитај повеќе

Каква е врската помеѓу биткоинот и акциите?
Дали биткоинот ќе ја отфрли етикетата како ризична технолошка инвестиција?
25.04.2025

Биткоин - една година по последниот халвинг - што се случи?
Една година од последното преполовување на наградата за рударење биткоин
19.04.2025

Дали времето работи во корист на биткоинот на неговиот пат да стане новото злато?
Додека златото традиционално игра на картата заштитник од инфлација и шокови, биткоинот сè почесто се нарекува сигурно прибежиште на пазарот.
15.04.2025

Семејството на Трамп има проекти низ целиот криптосектор
Американскиот претседател и неговото семејство покажаа интерес речиси за секој агол на криптоиндустријата.
14.04.2025

Биткоинот достигна рекорд од 109.241 долар на 20 јануари, поткрепен од оптимизмот околу плановите на Трамп да создаде пријателска средина за американските криптооператори, со што се ублажи репресијата што ја надгледуваше претходната администрација под водство на Џо Бајден. Најавите на Трамп за царини оттогаш влијаеја и врз криптовалутите. Биткоинот падна за околу 32 процента од својот максимум, на помалку од 75.000 долари на почетокот на април.
„Психолошки значајните заокружени бројки, како што е границата од 100.000 долари, честопати поттикнуваат краткорочно остварување профит“, рече Рејчел Лукас, криптоаналитичар во „БТЦ маркетс“ (BTC Markets), додавајќи дека „може да следува период на консолидација бидејќи трговците ќе остварат добивки доколку биткоинот го врати тоа ниво“.