text size
Отворените инвестициски фондови во Македонија ги чувствуваат последиците од падот на светските берзи, кој е главно поттикнат од стравувањата за глобална рецесија. Хоророт на пазарите на капиталот дојде по затегнувањето на монетарната политика од најголемите централни банки, кои се обидуваат да го спречат понатамошното разгорување на инфлацијата предизвикана од енергетската криза и деструктивните геополитички случувања во Украина. „Блумберг Адрија“ анализира како влијаат овие глобални текови врз работењето на отворените фондови во Македонија и врз инвеститорите.