Американските претставници што сакаат да преговараат за трговски договори низ целиот свет не работат на вклучување ветувања за валутна политика во договорите, според лице запознаено со ова прашање.
Девизните пазари се вознемирени поради загриженоста дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп е насочена на послаб долар и дека би можела да користи трговско договарање за да ја постигне таа цел.
USDJPY:CUR
USD
145,86 JPY
почетна цена
146,75
претходна цена на затворање
146,75
промена од почетокот на годината
-7,271%
дневен опсег
0,00 - 0,00
опсег на 52 недели
139,58 - 161,95
Јужнокорејскиот вон вчера порасна за речиси два отсто во однос на доларот, а порасна и јапонскиот јен. Во текот на месецов валутата на Тајван забележа најголем скок во последните децении.
Прочитај повеќе

„Голдман Сакс“ ја зголеми прогнозата за инфлација во САД
Клучната мерка за базичната инфлација ќе се зголеми на 3,8 проценти до крајот на 2025 година, пред да забави на 2,7 проценти до крајот на 2026 година, предвидуваат економистите.
08.05.2025

Азиската распродажба може да предизвика пад на доларот
Доларот може да се соочи со лавина од продажби „тешка“ 2,5 трилиони долари, бидејќи азиските земји ги растоваруваат своите резерви.
07.05.2025

По трговската, добиваме и валутна војна
Доларот губи, франкот, јенот и еврото добиваат, а Пекинг вештачки го слабее јуанот.
16.04.2025
Министерот за финансии Скот Бесент е единствениот член на економскиот тим на администрацијата на Трамп што е задолжен да се справи со овие прашања и тој не ги овластува другите претставници да се вклучат во разговори за валутна политика со трговските партнери, рече лицето, додавајќи дека за вакви прашања ќе се преговара само во присуство на Бесент.
Портпаролот на Министерството за финансии одби да коментира.
Доларот падна за околу осум отсто во однос на светските валути откако Трамп ја презеде функцијата. Претседателот има долга историја на жалби од другите земји – особено во Азија – кои намерно ги ослабуваат своите валути за да добијат комерцијална предност пред Америка. Неговата администрација воведе царини за поголемиот дел од светот и сега ја разгледува можноста тие да бидат намалени додека се впушта во трговски разговори со повеќе земји.
Bloomberg
„Нема сомнеж дека пазарите се нервозни“, рече Грегори Фаранело, раководител на одделот за тргување и стратегија со американските каматни стапки за „Америвет секјуритис“ (AmeriVet Securities). „Екстремната нестабилност е функција на сегашната трговска неизвесност“.
Бесент настојуваше да ја смири глобалната загриженост дека САД активно се во потрага по послаб девизен курс. Од февруари тој постојано повторува дека политиката на силен долар останува „непроменета“, вклучувајќи и откако објавата за царините на Трамп на 2 април предизвика широка распродажба на американските средства.
„Врвна дестинација“
Шефот на Министерството за финансии им го истакна тоа на своите колеги кога минатиот месец беа во Вашингтон за пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и повторно на толпата инвеститори во Лос Анџелес за време на годишниот собир на институтот „Милкен“ - каде што ги опиша САД како „врвна дестинација“ за глобалниот капитал. Откако учествуваше во трговските разговори со Кина минатиот викенд, Бесент рече дека „немало дискусија за валутата“ со делегацијата од Пекинг.
Она што се случува зад затворени врати во различни трговски преговори е во согласност со овие ставови, според лицето, кое зборуваше под услов на анонимност за да разговара за чувствителни прашања. Администрацијата сака партнерите да се воздржат од неправедно манипулирање со своите валути надолу, но нема план да се спомене таквата политика во какви било претстојни договори што би можеле да намалат некои од првичните царини на Трамп, рече лицето.

Иако Бесент јавно ја повтори идејата дека силниот долар одразува силна економија, претходните коментари на Трамп и некои од неговите помошници ја поттикнаа можноста за поинаков пристап.
Трамп ангажираше советници како што е Стивен Миран, претседател на Советот на економски советници на Белата куќа, чија претходна работа го исцрта патот за ублажување на она што неодамна го нарече „товар“ од поседувањето на светската резервна валута.
Тоа е една од причините зошто учесниците на пазарот веројатно заклучуваат дека логиката на економските цели на Трамп - кои вклучуваат помал трговски дефицит и заживување на производството во САД - укажува на послаб долар, без оглед на тоа како официјално се карактеризира валутната политика.
„Разговорот за координација на валутите можеби е преран, но трговците со девизи очигледно душкаат по работите“, рече Харис Куршид, главен инвестициски директор во „Каробар капитал“ (Karobaar Capital) со седиште во Чикаго. „Без разлика дали САД формално ја вклучуваат валутата во трговските разговори или не, пазарите веќе тргуваат како да е имплицитен послабиот долар“.
Вчерашната волатилност на азиските девизни пазари е само најнова појава. Во текот на месецов валутата на Тајван - позната по внимателното управување со девизниот курс - го забележа најголемиот скок од 1988 година. Иако целосната слика зад тој потег сè уште не е откриена, учесниците на пазарот дел од тоа им го припишуваат на шпекулациите дека тајванските власти ќе дозволат нивната валута да се зголеми за да помогнат во постигнувањето трговски договор со САД.
Тајван, Јапонија и Кина веќе беа на „листата за следење“ на американското Министерство за финансии за практиките за девизен курс, а во ноември на списокот беше додадена и Јужна Кореја.
Неделава јапонскиот министер за финансии Кацунобу Като изјави дека на претстојниот состанок на Групата седум (Г7) во Канада ќе бара можност да разговара со Бесент за валутни прашања.