text size
Периодов е актуелно поскапувањето на ф’стаците на светските пазари, поради војната со Иран, кој е голем светски производител на овие јаткасти плодови. Како што веќе пишуваше „Блумберг“, цената на овој популарен орев скокна најмногу во последните осум години, односно на 4,6 долари за фунта (околу половина килограм, н.з.), што е највисоко од мај 2018 година, според податоците на американската компанија „Експана“, аналитичар на пазарните трендови во земјоделското производство.