text size
Цените на литиумот, суровина од витално значење за напојувањето на електрични возила, се закануваат да ги зголемат трошоците за кинеските производители на батерии. Имено дури и по состанокот, минатата недела, на кој кинеските власти побараа од главните производители да ги стабилизираат цените, литиум карбонатот се искачи на нов рекорд, достигнувајки цена од 500.500 јуани (70.716 долари) за тон. Литиумот сега чини поскапо и од моментот на почетокот на годината, кога Илон Маск од Tesla Inc. ги нарече цените „луди“.