text size
Државата ги пополнува резeрвите со дизел. Последните договори на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви се во вкупна вредност од 5,4 милиони евра. Набавката се случува во моменти кога државната „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) набави гас за скопското парно греење само за овој месец, а оттаму сѐ почесто доаѓаат изјави дека ако не се обезбеди гас, топланите ќе работат на дизел-гориво. Екологистите предупредуваат дека греењето на главниот град со ова гориво драстично ќе го зголеми загадувањето во зимските месеци.