text size
Двете термоцентрали РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“ годинава произвеле за речиси 40 отсто повеќе струја од лани. Според податоците кои денеска ги објави државната ЕСМ, за седум месеци годинава во нив биле произведени 1559 гигават часови електрична енергија, а во истиот период лани 1126. За цело 2021 во термоцентралите биде произведени 2105 гигават часови енергија.