Нафтата поскапе по првиот пад во речиси една недела, откако Иран ги засили нападите врз енергетската инфраструктура околу Персискиот Залив.
Брентот се приближи до 105 долари за барел, по падот од 2,8 отсто во понеделникот, додека американската ВТИ се движеше околу 98 долари. Операциите беа прекинати на нафтеното поле Шах во Обединетите Арапски Емирати, додека едно ирачко нафтено поле и клучно пристаниште во Емиратите исто така беа цел на ирански беспилотни летала и ракети.
Нападите дополнително ги влошија изгледите за глобалното снабдување со енергија, додека војната влегува во третата недела, при што речиси целосниот прекин на бродскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец почнува да влијае врз потрошувачите, особено во Азија. Нафтата порасна за повеќе од 40 отсто откако започна војната, но цените паднаа за првпат во четири трговски сесии во понеделникот, откако САД се подготвија да ослободат прва транша од итните резерви на сурова нафта.
Прочитај повеќе
Москва брои милијарди, тепачка за руската нафта поради војната во Иран
Блокадата на Ормускиот Теснец направи недостиг на нафта на светскиот пазар и Трамп ги олабави санкциите кон Русија
пред 13 часа
Сојузниците на САД го одбиваат барањето на Трамп заедно да го обезбедуваат Ормускиот Теснец
Клучните сојузници на САД од НАТО не го прифаќаат барањето на Трамп за помош околу обезбедувањето на Ормускиот Теснец.
пред 17 часа
Значително поскапување на горивата од полноќ
Од почетокот на кризата на Блискиот Исток цената на дизелот во земјава се зголеми за 21 денар, а на бензините за 12 денари по литар.
пред 20 часа
Најголемиот нафтен ризик доаѓа од дното на бурето
Војната во Иран ја преврте индустријата наопаку. Мазутот сега е ултраскапа стока - и тоа е лоша вест за глобалната економија.
15.03.2026
„Пазарот постојано се движи нагоре и надолу секој ден, под влијание на огромниот број вести“, изјави Ребека Бабин, висока трговка со енергија во ЦИБЦ (CIBC Private Wealth Group LLC), во интервју за телевизијата „Блумберг“.
„Ова е пазар во кој во исто време се одвиваат околу сто приказни и кој трескавично се обидува да утврди колку снабдување е исфрлено од пазарот и колку долго ќе трае тоа.“
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги прошири нападите врз островот Харг за да цели на нафтената инфраструктура, откако минатиот викенд беа поштедени енергетските капацитети во клучниот ирански извозен центар. Тој изјави и дека Вашингтон „силно ја удира“ способноста на Техеран да го загрозува комерцијалниот бродски сообраќај низ Ормускиот Теснец и повторно повика други држави да помогнат во обезбедувањето на поморските рути.
Bloomberg
Вашингтон му дозволува на Иран и натаму да извезува сурова нафта преку овој воден пат, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент за „Си-ен-би-си“ (CNBC).
На Блискиот Исток, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт дополнително го намалија производството на нафта. Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати се обидуваат забрзано да го зголемат извозот преку алтернативни маршрути што го заобиколуваат Ормускиот Теснец.
Пловидбата низ теснецот веројатно ќе стане „сѐ поусловена“, при што Иран ќе дозволува премин за одредени бродови во зависност од нивната политичка поврзаност, наведуваат аналитичари од „ЏП Морган“ (JPMorgan Chase & Co.), меѓу кои и Наташа Канева.
Сообраќај во Ормускиот Теснец
Танкер со сурова нафта се упати кон Пакистан додека расте превозот поврзан со Иран
Bloomberg
Бројот на ирански бродови што го минуваат овој воден пат во понеделникот достигна највисоко ниво од почетокот на војната, според податоците што ги собра „Блумберг“. Меѓу нив имало и танкер со сурова нафта што се упатил кон Кина.
„Најголемиот ризик за пазарот е Ормускиот Теснец да остане ограничен подолг период и пазарот да почувствува дека САД и нивните сојузници имаат ограничен капацитет да ја променат динамиката“, изјави Крис Вестон, раководител на истражувања во „Пеперстоун“ (Pepperstone Group) во Мелбурн.
Во понеделникот Трамп изјави дека побарал од Кина, една од земјите од кои бара поддршка за обезбедување на Ормускиот Теснец, да го одложи самитот со неговиот колега Шји Џјинпинг за околу еден месец, истакнувајќи дека е важно да остане во Вашингтон за да ја надгледува војната со Иран.