text size
Европската комесарка за проширување Марта Кос во понеделник ќе го информира Европскиот парламент дека Европската комисија привремено ќе ги одложи одлуките за исплати кон Србија планирани во рамки на Планот за раст, поради загриженост поврзана со измените на пакетот правосудни закони. Комисијата тоа ќе го направи до објавување на мислењето на Венецијанската комисија, изјавиле извори на „Блумберг“.