Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе му биде домаќин на својот ирански колега Масуд Пезешкијан на самит на кој ќе се потпише нов пакт додека двете земји се подготвуваат за враќањето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа.
Договорот за сеопфатно стратегиско партнерство има цел да ги продлабочи политичките и економските врски меѓу Русија и Иран додека се борат со санкциите наметнати од САД и нивните сојузници.
Според зборовите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, договорот ќе ги формализира обврските за поблиска одбранбена соработка. Нема да има ветување за заедничка одбрана, како таа што е вклучена во неодамнешниот договор меѓу Русија и Северна Кореја, изјави вчера иранскиот амбасадор во Москва, Казем Џалали, за државната новинска агенција „Тасс“.
Прочитај повеќе

Европа ја обзема оптимизам дека Трамп нема да ја напушти Украина
Во серија приватни разговори со членови на тимот на Трамп, трансатлантските партнери ја презентирале иницијативата за продолжена поддршка за Украина.
14.01.2025

Какви ракети користат Русија и Украина и како функционираат тие?
Двете страни сѐ повеќе се потпираат на борбени дронови.
15.01.2025

Зошто Трамп е толку опседнат со Гренланд и може ли навистина да го купи?
Избраниот претседател Доналд Трамп повторно зборува за купување на Гренланд, најголемиот остров во светот.
08.01.2025

Целосно прекина испораката на руски гас за Европа
Москва и Киев не постигаа договор за продолжување на договорот за транзит на гас
01.01.2025

Зошто ветувањето на Трамп за крај на војната ја загрижува Украина?
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп рече дека брзо ќе преговара за прекин на руската војна во Украина. Прашањето е што ќе се понуди за возврат.
26.12.2024
„Двете земји се во ист ров во борбата против Западот“, рече Николај Кожанов, поранешен руски дипломат во Иран, кој сега е вонреден професор во Центарот за заливски студии при Катарскиот универзитет. „Не е важен самиот договор, туку времето кога е склучен. Путин и Пезешкијан мора да најдат начин како можат да му се спротивстават на Трамп“, додаде тој.
Во фокусот на разговорите ќе биде развојот на транзитните коридори за трговија преку Централна Азија, Касписко Море и Кавказот, а ќе се одвои време и за енергетски преговори, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Иран сака да стане енергетски центар за рускиот гас, иако засега има малку знаци за напредок на таквиот проект.
Русија и Иран ја интензивираа соработката откако Путин со инвазијата врз Украина во 2022 година предизвика опсежни санкции и најсериозна конфронтација на Москва со Западот по Студената војна. Русија гради трговска рута со Техеран, која ја поврзува со Индија, во обид да го ослабне влијанието на санкциите, а официјалните лица разговараа за зајакнување на финансиската и банкарската соработка додека Москва се обидува да учи од искуството на Техеран, кој со децении живее во изолација.
Според познавачите на меѓународните односи, Русија претходно беше претпазлива во опишувањето на врските со Иран како „стратегиски“ за да избегне антагонизирање на клучните регионални играчи, како Саудиска Арабија, Израел, Обединетите Арапски Емирати, па дури и Западот. А сега Русија се потпира на Иран.
Трамп, кој ќе ја преземе функцијата в понеделник, вети дека брзо ќе стави крај на војната во Украина, иако не е јасно како ќе постигне спогодба меѓу Москва и Киев. Неговиот избран советник за национална безбедност се закани со враќање на политиката за „максимален притисок“ кон Иран, која Трамп ја усвои во својот прв претседателски мандат. Сепак, Трамп исто така сугерираше дека сака да ги стабилизира односите со Техеран.
САД и европските држави тврдат дека Иран ѝ испорачал на Русија стотици беспилотни летала од почетокот на војната, кои се користеле за напад на Украина, а исто така испратил и балистички ракети за да му помогне на Путин. Техеран негира дека испорачува оружје во Русија.