На преговарачите им треба повеќе време за да го финализираат договорот со кој Вашингтон би добил дел од критичното рудно богатство на Украина, рече лице запознаено со разговорите.
Нацрт-договорот предложен од администрацијата на Трамп во моментов има некои сомнителни елементи, а украинскиот претседател Володимир Зеленски не е подготвен да го одобри, рече лицето кое побара да остане анонимно. Лицето одби да каже што во нацртот ги поттикна приговорите од Киев.
Украинските власти разговараа за потенцијалниот договор за минерали со американскиот специјален пратеник Кит Келог за време на неговата посета на Киев, откако Зеленски ја отфрли првичната понуда на Вашингтон претходно овој месец. Украинскиот лидер рече дека предлогот треба да биде поврзан со американските безбедносни гаранции и „не е во интерес на суверена Украина“.
Прочитај повеќе

ЕУ очекува удар тежок 28 милијарди евра од тарифите на Трамп
Шефчович ги информираше претставниците на ЕУ во петокот по неговата посета на САД
22.02.2025

Крипто лудило меѓу политичарите
Сѐ повеќе луѓе кои се славни или пак имаат политичка поддршка се вртат кон криптото
22.02.2025

Што се крие во преговорите на Трамп и Путин за Украина?
Украина воопшто не беше во фокусот на четиричасовната средба меѓу тимовите на Доналд Трамп и Владимир Путин во главниот град на Саудиска Арабија.
20.02.2025

Накратко од светот - Почнуваат мировните преговори за Украина без Украина
Во фокусот на светската политика деновиве се постигнувањето мир во Украина и неизвесноста околу царините од САД.
18.02.2025
Американскиот предлог предвидува обезбедување на 50 отсто од продажбата на лиценци и други приходи од минерали, што би ги прекршило украинските закони, изјави тогаш лице запознаено со дискусиите. Вклучуваше и приходи од нафта, гас и пристаништа, објави Ej-би-си Њус, повикувајќи се на нацрт-документ.
Киев објави дека предложил измени на предлогот кои ќе бидат од корист за двете страни. Критичарите на нацрт-договорот го осудија дека потсетува на колонијализмот од изминатите векови.
„Тимовите од Украина и САД работат на нацрт-договор меѓу нашите влади“, рече Зеленски во своето секојдневно обраќање до нацијата доцна во петокот. „Ова е договор што може да ги зајакне нашите односи и е од клучно значење да се разработат деталите за да се обезбеди неговата ефикасност“, рече тој, додавајќи дека се радува на „фер исход“.
Американскиот притисок врз Украина да го потпише договорот доаѓа откако претседателот Доналд Трамп даде серија изјави кои го ставија Зеленски во непријатна позиција. Американскиот претседател на почетокот на оваа недела посочи дека Украина е виновна за започнувањето на целосната руска инвазија пред три години.
Трамп, исто така, сигнализираше дека сака да постигне договор со Москва за тоа како да се стави крај на конфликтот без Украина на маса и го нарече демократски избраниот Зеленски „диктатор“ со рејтинг од 4 отсто.
Украинскиот лидер, чиј рејтинг беше 57 отсто во неодамнешната анкета, возврати велејќи дека американскиот претседател паднал на руски „дезинформации“.
Киев идеално би очекувал конечниот договор за минерали да биде потпишан во присуство на американскиот и украинскиот претседател, според упатени во разговорите. Зеленски, кој се сретна со Келог во четвртокот, се заложи за средба со Трамп пред каква било потенцијална средба меѓу американскиот лидер и рускиот претседател Владимир Путин.