Обединетото Кралство (ОК) и Европската Унија (ЕУ) ќе ги унапредат разговорите за тоа како да се запленат замрзнатите руски средства и како заеднички да ги зголемат трошоците за одбрана бидејќи бараат начини да го зголемат економскиот притисок врз Владимир Путин пред какви било мировни преговори за ставање крај на неговата војна против Украина.
Министерот за надворешни работи Дејвид Лами и највисоката дипломатка на ЕУ, Каја Калас, на денешниот состанок во Лондон ќе ги разгледаат „иновативните иницијативи“ за заедничко засилување на финансирањето на европската одбрана и зајакнување на воената подготвеност, соопшти британското Министерство за надворешни работи.
Каја Калас
Фото: Симон Волфарт / „Блумберг“
Прочитај повеќе

Кремљ потврди дека Путин и Трамп утре ќе разговараат за Украина
Трамп претходно изјави дека има „многу добра шанса“ за договор
17.03.2025

Украински мир: Кој ќе биде победник, а кој губитник?
По раздорот во Белата куќа и формирањето на коалицијата на ЕУ, со аналитичари подготвивме преглед на можните исходи од украинската криза.
03.03.2025

Ќе наседне ли Трамп на тактиките на Путин во телефонскиот разговор?
Веќе има знади дека Трамп можеби се подготвува да ги жртвува интересите на Киев во разговорите со Владимир Путин в вторник.
18.03.2025

Украина е подготвена да прифати 30-дневен прекин на огнот
САД сега ќе го пренесат овој предлог до Русија за да побараат нејзино одобрување
11.03.2025

Германија ги менува фискалните правила за да ја трансформира европската одбрана
Германија ќе го измени Уставот за да ги изземе трошоците за одбрана и безбедност од ограничувањата на фискалните трошоци и ќе направи „сė што е потребно“ за да ја одбрани земјата.
05.03.2025
Разговорите ќе се однесуваат и на тоа како Европа да обезбеди правно и финансиско покритие за запленување на милијардите од руските имоти, посочуваат луѓе запознаени со ова прашање. Напредок е постигнат и покрај отпорот на некои европски земји, како Белгија и Германија, кои остануваат загрижени дека конфискацијата може да го наруши начелото за имунитетот на една држава според меѓународното право и да влијае на еврото, велат тие.
„Соединетите Американски Држави (САД) не се тие што постојано искажуваат загриженост за државните имоти... тоа е всушност Европа“, рече вчера Лами пред Долниот дом. Промената на владата во Германија може да овозможи земјата да ја промени својата позиција по ова прашање, рече тој.
Напорот на Европа да го засили притисокот врз Русија доаѓа пред уште еден разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Путин, кој, според најавите, треба да се случи денеска. САД вршат притисок Русија да се согласи на 30-дневен прекин на огнот за кој Украина рече дека е подготвена да го прифати.
Дејвид Лами
Фото: Крис Ратклиф / „Блумберг“
ЕУ, земјите од Групата седум (Г7) и Австралија замрзнаа околу 280 милијарди долари од средствата на руската централна банка во форма на хартии од вредност и готовина, главно преку клириншката куќа „Еуроклиар“ (Euroclear) со седиште во Белгија. Со наметнатите санкции за истакнати руски поединци се замрзнаа дополнителни околу 58 милијарди долари имот, вклучувајќи домови, јахти и приватни авиони.
Лами и Калас ќе разговараат и за предлогот на ЕУ да им се дозволи на земјите членки да инвестираат 150 милијарди евра (164 милијарди американски долари) кредити од ЕУ за опрема за одбрана, што може да се потроши за оружје од некои трети земји како Велика Британија, Норвешка и Швајцарија, велат луѓето. Обединетото Кралство нема да мора да уплаќа во фондот, но ќе има корист од тоа што државите од ЕУ ќе нарачуваат од британските одбранбени фирми.
„Од витално значење е да го надградиме нашето партнерство со ЕУ и да работиме заедно за да ѝ ставиме крај на оваа војна и да им обезбедиме безбедност на сите наши граѓани“, наведе Лами во изјавата.