Индискиот премиер Нарендра Моди го прегрна рускиот претседател Владимир Путин на регионалниот самит во Кина, пред да замине со него на нивната билатерална средба, нагласувајќи ги нивните блиски врски и покрај критиките од Вашингтон кон Њу Делхи за купувањето нафта.
„Претседателот Путин и јас заедно отпатувавме до местото на нашата билатерална средба“, напиша Моди денеска во објава на X. „Разговорите со него секогаш се значајни.“
Моди и Путин се среќаваат во момент кога нивната врска е под глобално внимание. Американскиот претседател Доналд Трамп јавно ја нападна Индија за купувањето нафта од Русија, обвинувајќи го Њу Делхи дека го финансира војувањето на Путин во Украина. Минатата недела, администрацијата на Трамп воведе царини од 50 отсто на индиската стока наменета за САД, највисоки во Азија, за да ја казни поради тие енергетски набавки.
Прочитај повеќе

Моди ги зацврстува врските со Кина и Русија спротивно на ставот на Трамп
Индискиот премиер Нарендра Моди допатува во Кина по седум години да ја зацврсти соработката. Истовремено, обезбеди и јапонски инвестиции како одговор на царинскиот притисок од Трамп.
01.09.2025

Енергетиката ќе биде клучна тема на средбата меѓу Путин, Моди и Шји викендов
Рускиот претседател Владимир Путин викендов има ретка можност да се сретне со двајцата свои најважни енергетски партнери, и тоа токму во време кога му треба нешто од нив.
29.08.2025

Тајното писмо на Шји ги затопли односите меѓу Кина и Индија
Трамп ја има сета заслуга за поттикнување на затоплувањето на односите меѓу Делхи и Пекинг
28.08.2025

Трамп воведе 50 отсто царини за Индија, ги наруши односите со Моди
Царините од 50 отсто отворија нова фаза на несогласувања меѓу САД и Индија, отворајќи пат за нови геополитички сојузи на Њу Делхи.
27.08.2025
Кина и Индија во преговори за обновување на граничната трговија прекината од 2020 година
Кина и Индија преговараат за обновување на граничната трговија, додека преземаат чекори за подобрување на односите.
14.08.2025

Бес во Индија откако Трамп ги удвои царините на 50 проценти
Трамп потпиша извршна наредба со која се воведува царина од 25 проценти за индискиот увоз, која ќе се додаде на царината од 25 проценти што ја објави минатата недела
07.08.2025

Танкери испорачуваат руска сурова нафта во Индија и покрај притисокот од САД и ЕУ
Испораките на руска сурова нафта во Индија продолжуваат непречено, веќе се истоварени милиони барели, а се очекуваат и нови пратки.
04.08.2025
Џереми Чен, виш аналитичар во тимот за Кина и Североисточна Азија во „Евроазија груп“ (Eurasia Group), изјави дека средбата меѓу Путин и Моди можеби нема да донесе никакви „големи резултати“, но „ќе има континуирани изрази на единство од двете страни и нема знаци дека Делхи ќе ги намали своите набавки на руска нафта“.
Њу Делхи ги брани своите врски со Москва, нарекувајќи ги потезите на Трамп „неправедни“ и не дава никакви сигнали дека ќе ги намали набавките. Претседателот на Корпорацијата за нафта и природен гас (Oil and Natural Gas Corporation), најголемиот индиски енергетски истражувач, изјави минатата недела дека рафинериите ќе ја купуваат „секоја капка руска сурова нафта“ сѐ додека тоа останува исплатливо.
Моди исто така разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски пред неговото патување во Кина, повторувајќи го својот повик за мир. Зеленски изјави дека Индија е подготвена „да испорача соодветен сигнал до Русија и другите лидери“ за време на средбите на Моди во Тијанџин.
Моди последен пат разговарал со Путин по самитот на рускиот лидер со Трамп во Алјаска, во обид да се постигне мировен договор. Се очекува Путин да ја посети Индија до крајот на годинава.
Двајцата лидери денеска се обратија пред собирот на самитот на Шангајската организација за соработка во Тијанџин, пред да заминат на нивната билатерална средба. Претходно, во текот на денот Моди објави фотографија на која го прегрнува рускиот лидер, наведувајќи дека „секогаш е задоволство да се сретнам со претседателот Путин“.
Моди исто така се сретна со кинескиот претседател Шји Џинпинг на самитот, што беше нивен прв разговор од враќањето на Трамп на власт. На внимателно следената средба, двајцата лидери ветија дека ќе бидат партнери, а не ривали и најавија чекори за обновување на односите, вклучувајќи повторно воспоставување на директните летови меѓу двете земји.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...