Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ овозможи на својата администрација да воведе царини за стоки од земјите што ѝ обезбедуваат нафта на Куба, дополнително заострувајќи го притисокот врз комунистичката влада, која тој сака да ја смени.
Трамп потпиша извршна наредба со која прво ќе се утврдат земјите што ја снабдуваат Куба со нафта, а потоа ќе се одлучи какви дополнителни извозни давачки треба да се наметнат.
„Владата на Куба презеде вонредни дејства што им наштетуваат и им се закануваат на САД“, напиша Трамп во наредбата. „Режимот се усогласува и им дава поддршка на голем број непријателски земји, транснационални терористички групи и злонамерни актери што им се спротивставуваат на Соединетите Американски Држави.“
Прочитај повеќе
Сојузниците на Русија се жалат дека Путин изостанал во клучниот момент
Венецуела, Куба и Иран ја преиспитуваат довербата во Москва поради изостанатата поддршка во клучни безбедносни кризи.
14.01.2026
Мексико воведе царини до 50 отсто за Кина и други азиски земји
Мексико воведе високи царини на азиски увоз, усогласувајќи се со притисокот од САД и настојувајќи да ја заштити домашната индустрија додека трговските тензии со Кина растат.
11.12.2025
Мексико ќе ги зголеми царините за Кина поради притисокот од Трамп
Зголемувањето на царините се очекува да важи за увозот на автомобили, текстил и пластика
28.08.2025
Што се всушност царините и зошто Американците може да настрадаат од нив?
Царините се даноци што се наплаќаат на увезената стока, тие се извор на државни приходи.
05.03.2025
Мексико исто така ќе се соочи со нов притисок од Вашингтон како резултат на наредбата на Трамп. Во последниве години таа земја стана главен странски снабдувач со нафта за Куба, откако испораките од Венецуела се намалија поради економската криза во јужноамериканската држава. На почетокот на месецов Мексико се повлече од плановите да испрати пратка сурова нафта на карипскиот остров, покажуваат документи до кои дојде „Блумберг њуз“.
Потегот на Трамп доаѓа само неколку часа откако мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум се пофали со „срдечен“ разговор со својот американски колега, кој, како што рече, бил фокусиран на трговијата и воопшто не ја допрел темата Куба.
Нејзиниот кабинет одби да коментира за најавата на Трамп, но соопшти дека таа ќе се осврне на тоа на следната прес-конференција, закажана за петок наутро по локално време.
Мексико се појави како еден од ретките преостанати странски снабдувачи со гориво за Куба, откако испораките од Венецуела се намалија. Таа земја со години испраќаше силно субвенционирана нафта во замена за медицински и безбедносен персонал.
„Ова главно има цел да го обесхрабри Мексико да ѝ продава нафта на Куба“, изјави експертот за енергетика Франциско Моналди од универзитетот „Рајс“ (Rice University).
„Ова е огромен удар за Куба што многу брзо ќе го турне островот во исклучително тешка состојба.“
Мексиканското министерство за надворешни работи не одговори на прашањата за наредбата на Трамп, а Министерството за економија одби да коментира.
Притисок врз Мексико
Најновата закана на Трамп повторно го става Мексико, најголемиот трговски партнер на САД, во фокусот. Двете соседни земји, заедно со Канада, подоцна годинава треба да го преиспитаат регионалниот трговски договор УСМЦА (USMCA), со значајни последици за мексиканската економија која се потпира на извоз.
Европски дипломати изразија загриженост дека Куба би можела да се соочи со хуманитарна криза ако Трамп продолжи да го лишува островот од снабдување со гориво. Испораките на нафта се намалени по операцијата за заробување на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, како и по инсистирањето на администрацијата на Трамп привремената влада таму да ја прекине енергетската поддршка за Хавана.
„НЕМА ДА ОДИ ПОВЕЌЕ НАФТА НИТУ ПАРИ КОН КУБА — НУЛА!“, напиша Трамп на социјалните мрежи на почетокот на месецов, повикувајќи го раководството на островот „да постигне договор, ПРЕД ДА БИДЕ ПРЕДОЦНА“.
Минатата година, мексиканската државна нафтена компанија „Пемекс“ (Pemex) испраќала во просек по еден брод месечно кон Куба, или еквивалент на 20.000 барели дневно сурова нафта, според податоци собрани од „Блумберг“ (Bloomberg).
од „Рајс универзитет“ (Rice University), Франциско Моналди. „Ова е огромен удар за Куба што многу брзо ќе го турне островот во исклучително тешка состојба.“
Мексиканското Министерство за надворешни работи не одговори на прашањата за наредбата на Трамп, а Министерството за економија одби да коментира.
Притисок врз Мексико
Најновата закана на Трамп повторно го става Мексико, најголемиот трговски партнер на САД, во фокусот. Двете соседни земји, заедно со Канада, подоцна годинава треба да го преиспитаат регионалниот трговски договор USMCA, со значајни последици за мексиканската економија што се потпира на извоз.
Европски дипломати изразија загриженост дека Куба би можела да се соочи со хуманитарна криза ако Трамп продолжи да го лишува островот од снабдување со гориво. Испораките на нафта се намалени по операцијата за заробување на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, како и по инсистирањето на администрацијата на Трамп привремената влада таму да ја прекине енергетската поддршка за Хавана.
„НЕМА ДА ОДАТ ПОВЕЌЕ НИТУ НАФТА НИТУ ПАРИ КОН КУБА - НУЛА!“, напиша Трамп на социјалните мрежи на почетокот на месецов, повикувајќи го раководството на островот „да постигне договор, ПРЕД ДА БИДЕ ПРЕДОЦНА“.
Минатата година мексиканската државна нафтена компанија „Пемекс“ (Pemex) испраќала во просек по еден брод месечно кон Куба или еквивалент на 20.000 барели сурова нафта дневно, покажуваат податоци од „Блумберг“.
Во извршната наредба се наведува дека Трамп ја презема оваа мерка против кубанскиот режим поради поддршката за непријателски актери, тероризам и регионална нестабилност што ја загрозуваат американската безбедност. Со години американските претставници се загрижени и дека Кина би можела да воспостави присуство во Куба за да ја шпионира Америка, како што тоа го правеше Советскиот Сојуз во минатото.
Државниот секретар Марко Рубио, чии родители емигрирале во САД од Куба, изјави во средата дека Соединетите Американски Држави „би сакале да видат“ промена на власта во Куба.
„Би било од голема корист за САД ако Куба повеќе не биде управувана од автократски режим“, рече тој.