text size
Уште од крајот на 18 век, кога го разви својот прв часовник со приказ на датум, „Вашерон Константин“ (Vacheron Constantin) постојано ги поместува границите на механичкото часовничарство, особено во областа на астрономските компликации – што го потврдува и нивниот џебен часовник со 13 компликации изработен во 1929 година за египетскиот крал Фуад I. Компанијата која оваа година слави 270 години постоење во чест на јубилејот веќе пред неколку месеци претстави нова верзија на моделот Historiques 222, чиј прв модел во времето на 70-тите години од минатиот век беше најтенкиот автоматски механизам со целосен ротор на светот. Сега повторно радикално ги поместуваат границите со претставувањето на најкомплексниот часовник на светот - „Ле кабинот солариа ултра град компликејшн“ (Les Cabinotiers Solaria Ultra Grand Complication). Технолошкото достигнување кое бараше осум години истражување и развој поседува дури 41 компликација, вклучувајќи пет астрономски функции. Сè е развиено, проектирано и составено од страна на еден мајстор часовничар, чиј идентитет „Вашерон Константин“ не сака да го открие.