text size
Години пред да ја завршам кулинарската школа, некое време живеев кај роднини во Швајцарија. Често им готвев вечера и ја прашував тетка ми, која слабо зборуваше англиски, дали ѝ се допаѓа храната. Таа секоја вечер ќе ме допреше по рамото и ќе речеше: „It’s fine“ (во превод: во ред е). Не зборував ниту еден од јазиците што таа ги владееше течно, но се колнам дека еднаш ја слушнав како му го опишува јадењето на својот сопруг како „gross“ (во секојдневниот англиски ова може да значи одвратно или гадно). И така станав новинарка.