text size
„Археолоџи магазин“ (Archaeology Magazine), едно од најчитаните светски списанија во областа на археологијата, во својот најнов број објави прилог за неолитските антропоморфни модели на куќи од Македонија. За археологот Гоце Наумов од Центарот за истражување на предисторијата, кој беше консултиран при подготовката на текстот, ваквиот потег е врвна меѓународна афирмација за нашето културно наследство.