text size
„Фор сизнс хотелс енд ресортс“ (Four Seasons Hotels and Resorts) е еден од водечките светски хотелски брендови. Откако инвестициската фирма на Бил Гејтс, „Каскад инвестментс“ (Cascade Investment LLC), во 2001 година плати 2,21 милијарди долари за контролен удел во тој хотелски синџир, вредноста на компанијата е проценета на 10 милијарди долари. Групата поседува 121 хотел и 46 резиденцијални објекти. Суштината на успехот на овој хотелски синџир лежи во беспрекорната услуга, која се заснова на силна тимска работа. Еден често цитиран пример доаѓа од најдобрата париска филијала, каде што гостинка на хотелот го оставила својот кроасан за појадок во својата соба за подоцна. Меѓутоа, кога се вратила, кроасанот го немало и таа претпоставила дека собарката го зела и го тргнала. Меѓутоа, пронашла телефонска порака од рецепција што ги објаснува настаните на следниот начин. Собарката навистина го тргнала кроасанот, но тоа го сторила под претпоставка дека откако ќе се врати во собата гостинката ќе сака да ужива во свежо печиво. Собарката ја известила рецепцијата. Рецепционерите ја известиле кујната. Пекарите биле подготвени да направат свеж кроасан за да го заменат тој што веќе бил тргнат од собата. Собната послуга била известена дека треба да испорача кроасан по барање на гостинката. Оттука, секој член од хотелскиот персонал ја разбрал својата улога за постигнување извонредна услуга. Кога сите тимски играчи ги извршуваат своите задачи на најдобар начин, задоволството на гостите цвета, а работата добива признание.