text size
Туристичките власти на островот Улко-Тамио во Финска настојуваат да создадат „остров без телефон“, место каде што посетителите ќе можат целосно да ги исклучат своите уреди и да уживаат во мирот и убавината на островот. Оваа идеја е одговор на растечката потреба на патниците да се откажат од дигиталната технологија и да се поврзат со природата, известува Лебавит Лили Гирма за „Блумберг“.