text size
На 20 јули, некаде меѓу плоштадот Сибелес и два милиона луѓе во црвени дресови на улиците на Мадрид, сфатив дека најдобриот дел од ова патување, всушност, не можев ни да го испланирам. Еден месец претходно седев дома и ги гледав мапите на европските железници, обидувајќи се да поврзам што повеќе места на море. Да ја послушав сопствената логика и да ја изберев Барселона, веројатно немаше да присуствувам на една од најголемите прослави што ги видела Шпанија.