„Гугл“ (Google) започна нов фонд наречен AI Futures Fund, наменет за поддршка на стартапи што развиваат решенија базирани на вештачка интелигенција (ВИ). Иницијативата е предводена од одделот „Гугл лабс“ (Google Labs), во соработка со „Дипмајнд“ (DeepMind), а целта е забрзување на развојот на клучни генеративни модели, како Џеминај (Gemini), Имаген (Imagen) и Вео (Veo), и нивна трансформација во иновативни производи.
Според информациите објавени на веб-страницата на „Гугл лабс“, стартапите што ќе бидат прифатени ќе добијат ран пристап до овие алатки, директна соработка со истражувачи и со продукт-менаџери, кредити за користење „Гугл клауд“ (Google Cloud), како и можност за капитални инвестиции.
Посебно внимание се посветува на географската инклузивност. Како што е наведено на официјалниот блог на компанијата, пријавување е овозможено за стартапи од целиот свет, без ограничување само на американскиот пазар. „Пријавите се отворени глобално, вклучувајќи ја и Европа“, потврдува „Гугл“.
Прочитај повеќе

Од „Епл“ прогнозираат дека нема уште долго да се пребарува преку Гугл
„Епл“ понуди необичен аргумент во обид да го зачува профитабилното партнерство со „Алфабет“.
08.05.2025

Зошто фондовите за ризичен капитал претпочитаат ВИ наместо луѓе
Младите таленти губат позиција што до неодамна им беше влезница во индустријата
13.05.2025
Папата Лав XIV ја идентификува вештачката интелигенција како голем предизвик за човештвото
Според новиот папа, ВИ е предизвик за одбраната на човечкото достоинство, правдата и трудот.
11.05.2025
За разлика од класичните акцелераторски програми, AI Futures Fund нема однапред утврдени рокови за пријавување или структурирани групи. Наместо тоа, функционира како континуиран модел, во кој стартапи во различни фази – од почетна инвестиција до фаза на проширување – можат да аплицираат во секое време.
Програмата не е ограничена само на раните фази. Компании што веќе имаат активни производи или инвестициски средства, но сакаат да имплементираат напредни ВИ-модели, исто така се целна група. Целта е да се идентификуваат компании што можат да ја искористат технологијата на „Гугл“ на нетривијален и скалабилен начин, во области како креативната индустрија, науката, образованието, здравството или деловниот софтвер.
Меѓу првите стартапи што се веќе избрани се индиската „Тунсутра“ (Toonsutra), која развива интерактивни дигитални стрипови, „Вигл“ (Viggle), алатка за создавање ВИ-мимови, и „Румс“ (Rooms), платформа за креирање интерактивни 3Д-простори. Овие компании веќе експериментираат со мултимодални модели, како Вео – одговорот од „Гугл“ на „Сора“ (Sora) од „Опен еј-ај“ (OpenAI).
Како што истакнува „Гугл“, целта е промовирање „одговорна употреба на генеративната вештачка интелигенција“ и овозможување на компаниите да развијат производи што ќе „им помагаат на луѓето и организациите да создаваат, комуницираат и решаваат сложени проблеми“.
Покрај AI Futures Fund, „Гугл“ продолжува и со други програми за поддршка на компании надвор од САД. Програмата Google for Startups Accelerator: AI First, која функционира од 2023 година, е наменета за стартапи од Европа и од Израел. Таа трае десет недели, нуди менторство и се одвива во хибриден формат. Досега учествувале компании од повеќе од десет европски земји, вклучувајќи и од Централна и Источна Европа. Пријавите се отворени неколкупати годишно и иако не се директно поврзани со AI Futures Fund, целите и темите често се преклопуваат.
Во двете програми „Гугл“ не бара удел во компаниите (equity-free), што значи дека соработката е стратегиска и техничка, а не инвестициска или аквизициска. Сепак, AI Futures Fund овозможува директна инвестиција, доколку постои усогласување на интересите и бизнис-целите.
За европските стартапи, ова претставува нова шанса за пристап до напредни алатки што обично прво им се достапни на американските компании. Програмата, исто така, овозможува директен контакт со клучните тимови од „Дипмајнд“ и „Гугл лабс“, што дава значајна предност во развојот на производи подготвени за глобален пазар.