text size
Големи позитивни промени има во развојот на стартапите во земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) во изминативе пет години, а се чини дека 2022-та ќе биде најдобрата година по однос на привлекувањето инвестиции во овој вид компании, покажува новата анализа на „Гугл атомико“ (Google Atomico) за овој регион. Ова е трето издание на извештајот, кој е поддржан од Dealroom.com, платформа специјализирана за стартапи и ризичен капитал. Анализата што е објавена овој месец покажува дека до моментот на објавување, стартапите од Централна и Источна Европа собрале повеќе од солидни 5,3 милијарди евра ризичен капитал. Од вкупно 20 рангирани земји од ЦИЕ, Македонија се најде на 14-то место по инвестиции во стартапи во 2022 година, со сума од 10 милиони евра, што е скромно во однос на другите земји од регионот на ЦИЕ.