„Опен еј-ај“ (OpenAI) се подготвува да лансира нов „агент“ со вештачка интелигенција (AI) наречен Оператор, кој може да користи компјутер за да извршува задачи во име на корисникот, меѓу кои пишување компјутерски код на пример, но и такви како што е резервирање некое патување, објави неодамна „Блумберг“.
И оваа компанија е дел од пошироките напори на другите што се занимаваат со развој на вештачка интелигенција, да се создадат агенти или софтвер за вештачка интелигенција, кој ќе може да врши повеќестепени задачи за корисниците, но со минимален надзор. „Антропик“ (Anthropic) претстави сличен агент, кој може да ги обработува активностите на компјутерот на корисникот во реално време и да работи во негово име. „Мајкрософт“, кој го поддржува „Опен еј-ај“, исто така неодамна лансира сет агенти наменети да испраќаат имејл и да управуваат со архивски датотеки, наведува „Блумберг“.
„Опен еј-ај“, според повеќе извори, работел на неколку истражувачки проекти поврзани со агенти. Оној што е најблиску до лансирање всушност завршува задачи во прелистувач, најверојатно преку платформата на „Опен еј-ај“ и е речиси подготвен за тестирање. Веројатно за тоа зборуваше и самиот Сем Алтман, кој за крајот на месецов најави некои новини од неговата компанија.
Прочитај повеќе
Давос 2025: Седум пораки за растечките сајбер закани
Вештачката интелигенција ја подобрува одбраната, а истовремено им овозможува на противниците да развијат софистицирани методи на напад.
21.01.2025
Што би значело повлекувањето на Тикток од Америка за дигиталниот маркетинг?
Постои шанса Тикток да се продава само со корисничка платформа, но и со алгоритам.
17.01.2025
САД го ограничуваат увозот на чипови од „Енвидија“ за Македонија
Регионот се соочува со ограничувања за пристап до напредни чипови со вештачка интелигенција поради новите правила за извоз на САД.
17.01.2025
Јутјуберите со нов извор на заработка - обучуваат вештачка интелигенција
Јутјубери и други креатори на содржини ги продаваат своите неискористени видео снимки на компании за вештачка интелигенција.
12.01.2025
Револуционерни иновации на годината: Избор на топ 10
Лас Вегас и годинава стана центар на технолошкиот свет, каде што за време на четири дена се одржува долгоочекуваната конференција ЦЕС (CES 2025).
09.01.2025
Вештачката интелигенција може да збрише 200.000 работни места на Волстрит
Глобалните банки ќе намалат до 200.000 работни места во следните три до пет години, според истражување на „Блумберг интелиџенс“.
09.01.2025
Програмер најде знаци дека Оператор е речиси подготвен
Кајл Вигерс ги пренесува тврдењата на Тибор Блахо, програмер познат по откривањето нови информации за развојот на различни платформи. Овој пат тој тврди дека нашол знаци во заднината на веб-страницата што укажуваат дека Оператор е речиси подготвен.
ЧетГПТ за „Опен еј-ај“ за мекОС (macOS) доби опции што моментално се скриени за дефинирање кратенки за активирање или деактивирање (Toggle Operator) и присилно запирање на операторот (Force Quit Operator), рече Блахо, додека „Опен еј-ај“ додаде на својата веб-страница референци за Оператор што сè уште не се јавно видливи.
Скриена табела
Според Блахо, веб-страницата на „Опен еј-ај“ содржи и табели што не се јавни и кои ја оценуваат ефективноста на Оператор во споредба со другите системи за вештачка интелигенција дизајнирани да контролираат компјутери. Ако податоците се веродостојни, тоа покажува дека Оператор не е целосно доверлив, бидејќи неговиот успех значително варира во зависност од задачата.
На тестот „ОС ворлд“ (OSWorld), кој симулира реална компјутерска средина, ЦУА (OpenAI Computer Use Agent CUA) - најверојатно моделот на вештачка интелигенција што стои зад Оператор - постигна 38,1 проценти. Тоа е повеќе од моделот за компјутерско управување на „Антропик“, но значително помалку од 72,4 проценти, колку што постигнуваат луѓето. Сепак, „опен еј-ај ЦУА“ ги надминува луѓето на тестот „Веб војажер“ (WebVoyager), кој ги оценува навигациските способности на вештачката интелигенција. Меѓутоа, на друг веб-тест, „Веб арена“ (WebArena), заостанува зад човечките резултати, пренесува „Техкранч“ (TechCrunch).
Ако податоците се точни, Оператор исто така не успева да ги извршува задачите што луѓето обично ги извршуваат без проблеми. Во тест каде што беше неопходно да се создаде сметка со давател на услуги во облак и да се стартува виртуелна машина, тој беше успешен само во 60 проценти од случаите. Се покажа уште полошо кога креираше биткоин-паричник, каде што неговата успешност беше само десет отсто.