text size
Сајбер безбедноста се трансформира од техничко прашање во стратешка предност која станува клучна за долгорочната отпорност на организациите. Во статијата на „Блумберг Адрија“, Балкански шпион 2.0: Како сајбер-заканите го освојуваат регионот, истражувавме како компаниите во нашиот регион пристапуваат кон заштитата на своите дигитални системи. Откривме дека и покрај растечките ризици, многу е присутно потценувањето на опасностите и недоволната подготвеност за справување со најсовремените сајбер напади. Голем дел од овие проблеми потекнуваат од недоволните инвестиции во заштита, недостатокот на обучен кадар и ниското ниво на свест, како и едноставното уверување дека тоа „не може да ми се случи баш мене“.