Францускиот стартап „Мистрал еј-ај“ (Mistral AI) продолжува да го проширува своето влијание на пазарот на вештачка интелигенција со нова верзија на својот помошник со вештачка интелигенција „Ле кет“ (Le Chat - un chat е француски за мачка, поради што логото на Le Chat е дигитална мачка). Ажурирањето носи зголемени перформанси, поширока пристапност и дополнителни функции за кои компанијата се надева дека ќе ја зајакне својата позиција во конкуренцијата со „Опен еј-ај“ (OpenAI) и „Гугл“ (Google).
„Ле кет“ сега обезбедува пристап до вести во реално време, организирање дневни задачи, следење проекти и анализа на документи. Вклучува и напредни модели за генерирање слики и разбирање сложени датотеки, ставајќи ги на исто ниво со водечките дигитални асистенти. За да допре до поширока публика, „Мистрал“за прв пат го направи „Ле кет“ достапен на мобилен телефон, а апликациите сега се достапни за „иОС“ и „Андроид“.
Компанијата воведува и платени верзии на услугата. Бесплатната верзија вклучува основна функционалност, додека верзијата „про“ која чини 14,99 евра месечно до одреден степен ги зголемува границите на бесплатната верзија и носи дополнителни можности. За деловните корисници, верзијата „ентерпрајз“ (Enterprise) е во фаза на тестирање, што овозможува интеграција на помошникот за вештачка интелигенција во внатрешните средини на компанијата и приспособени модели за специфични потреби.
Прочитај повеќе
![Франција ќе инвестира 109 милијарди евра во вештачка интелигенција](/data/images/2025-02-10/76941_417605970_kf.jpg)
Франција ќе инвестира 109 милијарди евра во вештачка интелигенција
Макрон ги спореди вкупните проектирани износи со најавата на Доналд Трамп за проектот „Старгејт“ (Stargate).
пред 14 часа
![Стартапи во регионот - кои се проблемите и какви се можностите?](/data/images/2025-02-07/76902_startap-bloomberg-adria_kf.jpg)
Стартапи во регионот - кои се проблемите и какви се можностите?
Регионалните стартап екосистеми продолжуваат да бараат начини за подобро позиционирање на глобалната сцена.
08.02.2025
![Маск вели дека дроновите и вештачката интелигенција се иднината на војувањето](/data/images/2025-02-07/76886_elon-musk-bloomberg-adria_kf.jpg)
Маск вели дека дроновите и вештачката интелигенција се иднината на војувањето
„Тековната војна во Украина веќе во голем дел е војна со дронови“, посочи Маск.
08.02.2025
![Листа: 156 најуспешни стартапи со вештачка интелигенција во Европа](/data/images/2025-02-05/76761_depositphotos-91274852-l_kf.jpg)
Листа: 156 најуспешни стартапи со вештачка интелигенција во Европа
Поширокиот европски контекст открива континент кој се бори да создаде услови за иновации со вештачка интелигенција.
07.02.2025
Слики со врвен квалитет
Le Chat
Ново е и подобреното генерирање слики. Следејќи го примерот на „ДАЛЛ Е 3“ (DALL·E 3) и „Мидџурни“ (Midjourney) на „Опен еј-ај“, „Мистрал“ воведе своја технологија напојувана од „Флукс Ултра“ (Flux Ultra) на „Блек форест лабс“ (Black Forest Labs). Ова им овозможува на корисниците да создаваат реални или уметнички визуелизации погодни и за лична и за деловна употреба.
Слика креирана од „Ле кет“.
„Мистрал еј-ај“се обложува на обработка на податоци со голема брзина и напредно пребарување на информации. „Ле кет“сега може да одговори со брзина до илјада зборови во секунда, користејќи комбинација од претходно обучено знаење и податоци во реално време од онлајн извори и написи за вести. Исто така, воведува нова функција наменета за научниците, аналитичарите и програмерите да моделираат и тестираат различни решенија.
Покрај брзината и пристапноста, компанијата се обложува и на флексибилност. Корисниците можат да поставуваат документи како ПДФ (PDF) и табеларни пресметки на „Ле кет“, кои вештачката интелигенција потоа ги анализира и сумира. „Мистрал еј-ај“, исто така, го надгради своето оптичко препознавање знаци (OCR), што значи дека помошникот може поефикасно да чита скенирани документи и сложени табели. Тие исто така додадоа подобрено разбирање на сликата, што овозможува понапредна визуелна анализа.
„Мистрал еј-ај“ ветува повеќе подобрувања, вклучувајќи подлабока интеграција со постојните деловни средини, поголема автоматизација на задачите и приспособливи конектори за податоци. Компанијата веќе тестира функции што ќе им овозможат на корисниците да го поврзат „Ле кет“ со е-пошта, системи за пораки и бази на податоци, што би можело да ја подобри продуктивноста во деловните средини.
Иако „Мистрал еј-ај“ сè уште го нема глобалното признавање како неговите конкуренти, неговата стратегија за отворен пристап и брзиот развој вршат притисок врз технолошките гиганти кои доминираат на пазарот со вештачка интелигенција. Останува прашањето дали стартапот ќе може да ги претвори технолошките иновации во долгорочна конкурентна предност или ќе остане само интересен играч во трката за најдобра вештачка интелигенција која брзо се развива.