text size
На овонеделната седница не очекуваме изненадувања, туку очекуваме ЕЦБ да ја остави каматната стапка на сегашните нивоа. Инфлациските очекувања се закотвени и не се очекуваат поголеми изненадувања во наредните месеци. Иако има повеќе геополитички спорови, како оние во Црвено Море, кои можат да влијаат на враќањето на растот на инфлацијата, верувам дека влијанието врз инфлацијата во еврозоната е ограничено, имајќи предвид дека, освен поскапувањето на контејнерскиот транспорт, немаше зголемување на инфлаторните очекувања. Ова е поткрепено со падот на цените на производителите во изминатите пет месеци, чиишто пониски цени се прелеваат во крајните цени.