Компании

Дисоска: Женското претприемништво беше во криза и пред кризата

Автор: Ирена Каревска

22. Септември 2022, 12:04

Расте бројот на фирми управувани од жени кои престануваат да работат.

Во изминатите две години 1000 фирми повеќе згаснале отколку што се отвориле

Длабоко сме загрижени за тоа како ќе ја поминеме зимата

Ирена Каревска

Расте бројот на фирми управувани од жени кои престануваат да работат. Во изминатите две години, според официјалните податоци, 1000 фирми повеќе згаснале отколку што се отвориле. Податоците се однесуваат на 2020 и 2021 година, значи времето пред последната, енергетска криза, вели за Блумберг Адриа ТВ, Валентина Дисоска, претседателка за Здружението на бизнис жени.

„За жал женското претприемништво беше во криза уште пред да настане оваа криза. Ние и тогаш стоевме на стаклени нозе, а сега тие нозе веќе се кршат. Условите се влошуваат. Длабоко сме загрижени за тоа како ќе ја поминеме зимата, како ќе ги платиме сметките за струја. Тие се неколкукратно зголемени, а трошоците не се пресметани во бизнис плановите за оваа година“, вели Дисоска.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Сите новости од рубриката Бизнис

Бизнис

сите новости од рубриката Бизнис