Стотици вработени во центарот за испорака на „Амазон“ во Велика Британија закажаа протести како дел од штрајкот без преседан на британските работници.
Членовите на Генералниот синдикат (GMB) кои работат во складиштето на „Амазон“ во Ковентри стапија во штрајк минатиот декември, откако работодавачот им понуди на работниците зголемување на платата за 50 пени по час. По понудата, речиси 98 отсто од работниците се изјаснија дека го поддржуваат штрајкот.
„По половина година игнорирање на барањата на работниците да бидат слушнати, GMB ги повикува шефовите на 'Амазон' во Велика Британија да ја направат вистинската работа и да им дадат на работниците соодветно зголемување на платите“, порача во соопштение претставникот на GMB, Стјуарт Ричардс.
Прочитај повеќе
Роботите на Амазон се подготвени за следниот чекор
Роботите ќе оставаат и земаат предмети, ќе ги преместуваат спакуваните кутии во колички за испорака, а нив ќе ги пренесуваат во камиони
25.01.2023
„Амазон“ почна да ги дели најавените 18.000 откази
Најголемото намалување на бројот на работните места во историјата на компанијата веќе беше најавено.
18.01.2023
Портпаролот на „Амазон“ ги отфрли обвинувањата дека компанијата ги игнорира грижите на работниците и рече дека штрајкот нема да влијае на клиентите. „Горди сме на фактот што на работниците им нудиме конкурентна минимална саатница меѓу 10,50 и 11,45 фунти, во зависност од тоа каде работат“, се вели во соопштението.
Инаку, минималната саатница во Велика Британија за лица од 23 годни ќе се зголеми од 9,50 фунти на 10,42 фунти во април.
Штрајкот на магационерите во „Амазон“ во средата уследи по понудата за зголемување на платата по час што резултираше со серија заминувања на работниците, што пак предизвика прекини во работењето на магацините низ Британија.
Иако штрајкот во Британија е значаен за „Амазон“ бидејќи е прв во земјата, тој е само еден од многуте предизвици со кои се соочува гигантот за е-трговија со седиште во Сиетл. Компанијата претходно месецов објави дека во најголемиот бран отпуштања во историјата, планира да укине повеќе од 18.000 работни места, или околу еден процент од вкупниот број вработени.
„Амазон“ се прилагодува на драматичното забавување на купувањата во е-трговијата бидејќи потрошувачите се враќаат на навиките од пред пандемијата. Затоа, компанијата го одложи отворањето на нови магацини и престана да вработува во својата малопродажна групација. Претходно беше најавено дека годинава планираат да затворат три магацини во Британија, со што би биле елиминирани околу 1.200 работни места.