text size
Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ (Volkswagen) бара од вработените да минат низ забавно-едукативно искуство познато како соба за бегство (анг. escape room) за да ја намалат вознемиреноста од неизвесноста околу тоа дали ќе ги задржат своите работни места за време на транзицијата кон производство на електрични возила.